Eврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји, на својот Твитер налог соопшти дека Европската Унија постигнала договор за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија и им честиташе на двете земји.
„Многу сум задоволен што земјите членки на ЕУ денеска постигнаа договор за почеток на преговори со Албанија и Северна Македонија. Со целото мое срце им честитам на двете земји. Исто така, ова испраќа гласна и јасна порака до Западниот Балкан: Вашата иднина е во ЕУ“