ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Северна Македонија ги започнува преговорите за членство со ЕУ

Министрите вчера ја усвоија и ревидираната преговарачка методологија, предложена во февруари годинава од страна на Европската Комисија, методологија која би требало да го направи процесот пополитички и да им даде поголема контрола врз процесот на земјите членки на ЕУ.

March 25, 2020 08:35
in ДЕНЕС

Европската Комисија во наредните денови треба да започне да ја изготвува преговарачката рамка за преговорите помеѓу ЕУ и Северна Македонија, одлучија вчера министрите за европски прашања на Унијата.

Ова е првиот неопходен чекор пред одржувањето на првата меѓувладина конференција, со која се означува отворањето на првото поглавје, или според новата методологија првиот „кластер“.

По година и половина одлагања и услови, Европската Унија вчера оцени дека Северна Македонија целосно ја докажала својата способност да го започне долгоочекуваниот процес на преговори, кој треба да доведе до полноправно членство во ЕУ.

Министрите вчера ја усвоија и ревидираната преговарачка методологија, предложена во февруари годинава од страна на Европската Комисија, методологија која би требало да го направи процесот пополитички и да им даде поголема контрола врз процесот на земјите членки на ЕУ.

Ова беше еден од клучните предуслови за Франција да прифати отворање на преговорите со било која земја кандидат.

Земјите членки вчера изразија задоволство и од новата методологија и од реформскиот напредок во Северна Македонија.

-Северна Македонија ја забрза работата од октомври, донесен е Преспанскиот договор, билатералниот договор со Бугарија кој дава пример за целиот регион, ова треба да го отвори патот за Северна Македонија, изјави еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, нагласувајќи и дека земјата успеа да го донесе и законот за јавно обвинителство во услови на техничка влада.

Комесарот оцени и дека по октомврискиот неуспех да се отворат преговорите и стапувањето во функција на новиот состав на Европската Комисија „работите не изгледаа добро“ за отворањето преговори со двете земји. Тој ги пофали реформите во двете држави и додаде дека денешната одлука, со оглед на тешкиот политички контекст во ЕУ поради коронавирусот е доказ за посветеноста на ЕУ кон регионот.

Со ист став настапи и хрватското претседателство, чија државна секретарка за европски прашања, Андреја Метелко Згомбиќ, рече дека денешната одлука  е добра не само за двете земји, туку и за самата ЕУ.

-Добра вест е што ЕУ и во време на предизвици успеа да остане фокусирана на носење стратешки одлуки, рече Згомбиќ.

Преговорите со Северна Македонија и Албанија беа единствена точка на вчерашниот состанок на министрите.

По денешната одлука на Советот за општи работи да се отворат преговорите со Албанија и Северна Македонија, Европската Комисија има сега задача да изготви преговарачка рамка – земјите кандидати имаат иста таква обврска од своја страна.

Штом таа рамка биде финализирана, им се поднесува на земјите членки кои треба да ја одобрат, со што се отвора патот за одржување на првата меѓувладина конференција, објаснуваат за МИА од Европската Комисија.

-Ќе почнеме сега многу брзо да ја подготвуваме рамката, треба да седнеме со двете земји, планираме да го ставиме ова на дневен ред на Советот најбрзо што може, односно јуни, изјави Вархеји.

Со оваа изјава јасно е дека Европската Комисија има зацртано датум за почеток на преговорите, веднаш по објавувањето на редовните извештаи за реформскиот напредок, предвидено во мај.

Еврокомесарот на прес конференцијата вчера не сакаше да лицитира со тоа која земја прва би го отворила првото поглавје, бидејќи, како што рече тој, сѐ зависи од реформскиот напредок во секоја од земјите. Тој оцени дека не е исклучено Албанија да ја „претрка“ Северна Македонија, или пак двете истовремено да ги отворат поглавјата.

– Процесот се заснова на сопствени услуги, повтори еврокомесарот.

Она што е извесно е дека крајниот збор и во овој процес е кај земјите членки, кои ја одобруваат преговарачката рамка. А познато е веќе дека Холандија, меѓу другото, очекува исполнување на низа услови од страна на Албанија, што не е случај за Северна Македонија.

Холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок тоа го потврди во изјава за МИА, но и на Твитер налогот на холандската амбасада при ЕУ, каде напиша дека Северна Македонија направила видлив напредок и Холандија ја поддржува препораката на Комисијата за отпочнување на преговорите.

– За Албанија, работите се понијансирани. Остануваат прашања кои бараат внимание, но извештајот за напредокот исто така покажува прогрес кон реформите така што Албанија е на добар пат, Советот одлучи дека преговорите можат да започнат кога ќе има одржлив напредок за овие прашања, е официјалниот став на Хаг. 

Next Post

НЛБ и Халк банка денеска ќе ја исплатат мартовската пензија

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk