ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Земјата сега не е само дел на голема воена алијанса, туку и на системот за размена на информации

-ЕУ е комплементарен дел од таа двојна агенда, но НАТО е несомнено поважната работа во моментот, оцени Пендаровски посочувајќи дека НАТО веќе одигра голема улога во Северна Македонија, особено во 2001 година и етничкиот конфликт со албанската заедница.

March 27, 2020 19:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Додека светот се бори со пандемијата на коровирусот, Северна Македонија станува членка на НАТО и ги отвора преговорите за членство во ЕУ, информираша денеска Би-би-Си на српски јазик, објавувајќи го инервјуто со македонскиот преседател Стево Пендаровски.

Како што јави допиникот на МИА од Белград, во интервјуто направено преку Скајп, Пендаровски кажа дека „не може ниту да се израдува на овие две важни работи, затоа што ситуацијата со вирусот го преокупира целосно.“

-Сите ресурси на државата, не само нашите, се преориентирани за борба против ова големо зло, кажа Пендаровски.

Тој како човек кој долго време се занимаваше со безбедносни прашања оцени дека НАТО е побитен за перцепцијата на Северна Македонија како земја која има иднина за која не треба да се грижи.

-ЕУ е комплементарен дел од таа двојна агенда, но НАТО е несомнено поважната работа во моментот, оцени Пендаровски посочувајќи дека НАТО веќе одигра голема улога во Северна Македонија, особено во 2001 година и етничкиот конфликт со албанската заедница.

Сепак, тој е свесен дека утрото по членството за граѓаните нема да промени многу.

-Ова се решенија на големи, стратешки прашања и тука промени не се случуваат преку ноќ, оцени тој.

-Стануваме дел не само на голема воена алијанса, туку и на системот за размена на информации – ќе ги добиваме истите информации како и 29 други членки на НАТО, посочи македонскиот претседател.

Вели, односите со Србија нема да се променат затоа што, како што рече „апсолутно ја почитуваме одлуката на Србија да биде воено неутрална“, кажа Пендаровски.

Во врска со ЕУ и атмосферата со пандемијата на коронавирус, одлуката на Париз конечно беше позитивна, но претседателот на Северна Македонија смета дека сегашната криза не придонела за тоа, пишува Би-Би-Си на српски јазик.

-Макрон на Минхенската безбедносна конференција кажа дека постојат два услови за Северна Македонија и Албанија – да постои нова методологија за пристапување, а таа постои, како и да има позитивни извештаи за мини-напредокот, а и тоа го има многу, посочи Пендаровски, кој констатираше дека „тука се сите предуслови и ЕУ немаше причина да одлучи поинаку“.

Пендаровски одговари дека и покрај големата загрозеност на Италија и Шпанија, Европската унија најпрво и обезбедила на Северна Македонија итна помош од 7,5 милиони евра, додека преку разни форми на поддршка на буџетот беа издвоени уште 60 до 70 милиони евра.

-Иако двете најранливи држави во светот се членки на ЕУ, таа сепак успеа да ја пружи оваа помош – а зошто овие вести не стигнуваат до граѓаните е прашање за европските ПР експерти, истакна тој.

По состанокот со партиските лидери, Пендаровски донесе одлука да прогласи вонредна состојба, со што техничка влада доби поголеми овластувања, нарекувајќи ја како „влада на национален спас“, објави Би-Би-Си.

-Кога е ваква ситуација, која е предизвик и за економски силните земји, важно е да ги имате сите политички фактори во владата, а не надвор од неа – тоа беше мојот предлог на средбата со сите лидери, порача македонскиот претседател.

-Политичките поделби во нашата земја се многу длабоки – и ова е ситуацијата овде, но и насекаде во регионот,  кажа Пендаровски.

Додаде дека постои задоволително ниво на синхронизација во владата, но нивото на дискусија на дневните прес-конференции на обете партии може да се намали.

-Опозицијата не треба целосно да престане да критикува, ниту пак владејачката партија не треба да престане да ги дава своите ставови, но има тука многу политиканство, изјави Пендаровски.

Претседателот е задоволен од мерките што ги презеде земјата во обидот да се справи со пандемијата.

-Ние сме дел од глобалниот систем, но со овие ресурси не можеме да ги направиме мерките кои се преземени од Јужна Кореја или Германија, кои ги тестираат луѓето во голем број, кажа Пендаровски.

-За нас е важно да ги идентификуваме кластерите каде се заразените во земјата и да дејствуваме според она што го препорачува Светската здравствена организација за Европа – ние сме лидер во спроведувањето на тие препораки, додаде тој.

Пендаровски оцени дека сегашниот економски систем нема да може долго да издржи во сегашниот застој.

-Се надевам дека кратко ќе трае, но и ако потрае, дури и најдобрите психијатри немаат добар совет – ако седите дома два-три месеци и не работите, тоа е убиствено, како за поединци, така и за секоја држава, заклучи Стево Пендаровски.

Next Post

МНР организираше враќање на 169 македонски граѓани од Хрватска

НАЈНОВО

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

August 28, 2025
Фото: Скриншот,

Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk