ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: НАТО е наша стратешка определба од независноста на државата

March 28, 2020 13:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„НАТО е наша стратешка определба од независноста на државата, безбедноста и сигурноста се важни работи, не само заради животите и здравјето на луѓето, туку и заради предвидливоста, економијата, инвестициите и слично. Секако дека вредеше се што се направи, но овие денови со оглед на ситуацијата неможевме ниту да се израдуваме на овој голем успех, посочи претседателот на СДСМ“, Зоран Заев во гостувањето на емисијата 360 степени на ТВ Алсат.

Тој истакна дека станувањето на 30 земја членка на НАТО со себе носи бројни придобивки, како дел од колективното пристапување во најсилниот, најмоќниот воен сојуз на светот.

Заев зборуваше и за пакетот мерки што СДСМ ги предложи во однос на работниците вредни 200 милиони евра. Тој истакна дека пред само 2.5 години економијата беше со минус 1.8 % , за потоа да забележи раст на 3.6% што е вкупен раст за 5.4% , а истовремено имаме зголемен кредитен рејтинг. Сето тоа ни дава можност да излеземе со пакет од 200 милиони евра со цел да го помогнеме стопанството.

На прашањето дали доцни вториот пакет мерки, претседателот Заев истакна дека не е задоцнето со оглед на тоа дека импактот од кризата се очекува во април, а мерките се однесуваат на помош во плати, работници, ликвидност на стопанството за месеците април и мај.
„Најлошото сценарио е да имаме 30-40% наплата за приходи во буџетот, односно ќе недостигаат 60% кои нема да можат да се реализираат. Оттука и одлуката за кратење по  принципот на солидарност односно сведување на платите во администрацијата на минимална плата од 14.500 денари. Ако недостатокот е околу 2 милијарди и 200 милиони евра, тоа се некои 60% , добивме усна потврда за 600 милиони од ЕУ , што значи недостигаат уште 1 милијарда и 600 милиони“, заклучи Заев.
“Свесен сум дека една мерка, кратењето на платите во администрацијата е непопуларна мерка, но ова е ситуација во која не можеме да калкулираме, мора да се поставиме државнички и ова да го поминеме на нозе“, одговори Заев во врска со предлог мерката на СДСМ за намалување на платите во администрацијата на 14.500 денари.
Според него, токму изедначувањето на платата на сите е на линија на солидарноста на граѓаните, односно оние што во последните години имале повисоки примања, логично е и повеќе да помогнат на државата.
„Ние не штедиме и нема да штедиме пари за соодветно опремување со заштитни средства на медицинскиот персонал, но знаете дека и таму се менуваат приоритетите цело време. Прво недостигаа маските, потоа се појави потребата од визири, па на крај ајде да нарачаме комбинезони… Но, како што стигаат барањата од лекарите, така ние се трудиме соодветно да им одговориме. Треба да е јасно и тоа дека во моментов не работи само Инфективната клиника, туку целото јавно здравство. Значи потребите на другите клиники си продолжуваат и ние мораме и нив да ги задоволиме. Паралелно работат и други сектори на кои им е неопходна заштитна опрема, како Санитарниот инспекторат, работат граѓаните на шалтерите, патарините, но секогаш во изминатиот период им се даваше приоритет на здравствените работници за да ги постигнеме максимално ефектите што ги очекуваме од заштитните мерки“, појасни Заев објаснувајќи дека целиот здравствен систем е мобилизиран и дека сите посветено се трудат што побрзо да се совлада вирусот и што е можно повеќе бројот на заразени да биде помал.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Маск се подбива со Трамп за случајот Епстајн: Каде е ветената листа на клиенти?

July 7, 2025

Сојузот на здруженија на дијабетичари со барања до МЗ: Не сме пациенти од втор ред

July 7, 2025

Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk