ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем е здрав и може да се справи со шоковите, денарот е и ќе остане стабилен

Истовремено се води грижа за одржувањето на финансиската стабилност и за овозможување поддршка на корпоративниот сектор и на населението, рече Ангеловска-Бежоска.

March 31, 2020 09:47
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Банкарскиот систем останува здрав и стабилен и има капацитет да се справи со шоковите што ги предизвикува состојбата со корона вирусот. Последните расположливи податоци, кои датираат од почетокот на оваа година, потврдуваат висока капитализираност, висока ликвидност и висок квалитет на активата со која располага системот, порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

-Адекватноста на капиталот е околу 17 проценти – ниво коешто е повисоко од 2008 година кога економијата се соочи со голем шок. Учеството на ликвидната во вкупната актива е 27проценти, што исто така е повисоко во споредба со периодот пред глобалната економска криза. Квалитетот на активата на банките, којшто е значајна детерминанта на кредитната активност, е многу солиден. Тоа јасно се согледува преку нивото на нефункционални кредити коешто во моментот е околу 4,8 отсто од вкупните кредитни изложености. Сето ова укажува дека нашиот банкарски систем има солиден капацитет со кој може да ја испорача потребната поддршка за населението и корпоративниот сектор, истакна Ангеловска-Бежоска во интервју за телевизијата 24..

Во интервјуто, гувернерката говореше и за мерките што во текот на изминатите недели ги презеде Народната банка, при што одделно се задржа и на регулаторните измени со кои се овозможува олеснување на финансискиот товар на кредитокорисниците. Како што посочи, пред да бидат донесени измените, беа спроведени и бројни анализи и стрес-тестови, за детално да се процени капацитетот на банкарскиот систем.

-Истовремено се води грижа за одржувањето на финансиската стабилност и за овозможување поддршка на корпоративниот сектор и на населението, рече Ангеловска-Бежоска.

Со намалувањето на каматната стапка на благајничките записи, како што нагласи, дополнително се олеснуваат финансиските услови под кои кредитите се одобруваат и на претпријатијата, и на населението.

-Во насока на поддршка на кредитната активност е и активирањето на нестандардната мерка насочена кон секторите од македонската економија што ќе бидат најпогодени од корона-кризата – кредитирањето на овие сектори го стимулираме со тоа што износот на кредитите ќе биде одбиен од основицата за пресметување на задолжителната резерва на банките, напомена гувернерката.

Во интервјуто, Ангеловска-Бежоска потсети дека денарот е и ќе остане стабилен и дека нема да има промени на нивото на неговиот девизен курс.

-Монетарната стратегија на одржување фиксен курс на домашната валута во однос на еврото е оптимална за нашата економија и токму девизниот курс овозможува одржување ниска и стабилна инфлација во нашата економија, а со тоа и испорачување макроекономска и финансиска стабилност, посочи  таа.

Со години наназад, додаде, нашата централна банка одржува високо ниво на девизни резерви, што е гаранција за стабилноста на девизниот курс на домашната валута.

-Во моментов, како што и веќе соопштивме, нивото на резервите е нешто над три милијарди евра. Според сите меѓународни показатели, ова ниво упатува на адекватност на резервите и на капацитет за справување со било какви шокови во нашата економија, укажа гувернерката, при што посети дека во 2008 година, кога економијата доживеа неочекувани шокови, нивото на резервите беше значајно пониско.

Ангеловска-Бежоска порача дека Народната банка веќе активно работи на најновите макроекономски проекции, при што се имаат предвид сите очекувани ефекти од новонастанатата ситуација со пандемијата на ковид-19, како врз домашната економија, така и врз надворешното окружување.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДММ: Наместо реновирање, ВМРО-ДПМНЕ го остави студентскиот дом „Кузман Ј. Питу“ под клуч

July 17, 2025

Кузеска: Тошковски сака да ја партизира полицијата и да ја уништи кариерата и професионалноста

July 17, 2025
Лука Стојчев Фото: ППФМ

Победи на Стојчев и Хасану на ЕП во пинг-понг во Чешка

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk