ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

На мака се познаваат јунаците!

April 1, 2020 10:37
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ

Што и да направите во време на ваква голема криза, какви мерки и да донесете, секогаш ќе има губитници и добитници во процесот.

И нема лутење: сечија мака е голема како планина, бидејќи таа најмногу им тежи на оние кои ја носат, без разлика дали, во светот на објективната географија, може да се измери како Водно или како Хималаите. Така, за некој кој е заразен од вирусот можеби проблемот на сопствениците на домашни миленици и неможноста да нуждат по надвор за време на полицискиот час им изгледа тривијален до немајкаде; но оние кои не можат да ги прошетаат своите кучиња навечер со право бараат ургентни интервенции во мерките, со иста итност како што воведувањето на нова терапија во лекувањето на болните може некому да му пресуди меѓу животот и смртта.

Што викаат Американците, проклет си и ако направиш, проклет си и ако не направиш, исто ти е.

Така ќе поминат и овие мерки на државата со кои интервенира во економската криза којашто се заканува, на среден рок, да стане поголема од здравствената. Ако два месеци се ограничат платите на административците, се слушаат критики и лелекања како да е дојден крајот на светот – а за некои можеби и е, барем оној на кој се навикнати. Ако, пак, се одлучи да не им се ограничат, тогаш со исто толку гласни клетви и фрлања камења се тврди дека државната синекура е секогаш посигурна од ветрометината на капиталистичката приватна пазарна економија.

Па, нели ако не се намали платата на администрацијата се поттикнува поголема потрошувачка, што одговара и на приватниот сектор за и тој низ таквиот промет сосема да не „издише“?! Како што важи и обратното: јавниот сектор, во ваква криза, не може да ужива во помал економски ризик од приватниот, од чии алиментации во добар дел живее?!

Потоа се вклучува машинеријата на социјалните мрежи, како огромен индустриски комплекс за општествено-политичко прдење од секаков интензитет и причини за фрустрација. Пробајте: гарантирам дека ќе добиете приближно ист број лајкови ако напишете „Долу Влада!“ и, десет минути подоцна, „Горе Влада!“… А ако ставите и некоја мајка-шајка на крајот, бројот на лајкови инстантно се удвојува. Еве, обидете се со ова (во посебна рамка, со црвена позадина, крупен фонт и некоја шарка горе и долу, а по можност направете и барем две-три правописни грешки, не само затоа што сте неписмен, туку и за сите да разберат дека многу ви се брзало да го плукнете јавно тоа што ви дошло): „Да ве е**м и Зајко и Мицко, земајва ја испокрадоувте, а уште са сликате!“… Од 100 лајка, нагоре!

Со други зборови, и овие мерки на власта се толку идеални, колку што сме ние работливи Германци, со швајцарски државен буџет и со шведска општествена свест. (Сега е добар момент да декларирам: јас од сите наброени мерки нема да имам никаква директна корист.) Многу луѓе како да забораваат дека тие мерки не се носат за да продолжиме да живееме како пред кризава, туку за да ја преживееме кризава. Тој напор е глобален, а во многу држави и со помали изгледи за успех, ако ви е за некаква утеха.

Има и нешто „демократско“ во целава криза: од една страна, побогатите се повеќе уплашени дека имаат што да загубат; а од друга, парите не им го намалуваат стравот од можноста и тие да се заразат, бидејќи таа здравствена опција не зависи од личното богатство.

Затоа и мислам дека кај многумина кои можат, ќе проработи чувството за општествена солидарност. Можеби никогаш не важела повеќе онаа позната изрека, дека на мака се познаваат јунаците!

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Португалија ја победи Шпанија на пенали и ја освои Лигата на нации

June 9, 2025

И Вучиќ и опозицијата прогласија победа на локалните избори во Косјериќ и Заечар

June 9, 2025

Мицкоски: Од последни, до први во Европа по странски инвестиции

June 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • И Вучиќ и опозицијата прогласија победа на локалните избори во Косјериќ и Заечар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е време за навивање – време е за будност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Златната пена на секојдневието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk