ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нова ерупција на вулканот Питон де ла Фурнез на францускиот остров Реунион

Потврда за ерупцијата беше извршена од жандармеријата во извидувачки летови. Ерупцијата е во калдерата на вулканот, областа е целосно ненаселена и затоа ерупцијата не претставува опасност за луѓето и имотот.

April 3, 2020 10:12
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Вулканот Питон де ла Форнез, што се наоѓа на францускиот остров Реунион во Индискиот океан, а важи за еден од најактивните и најнабљудуваните во светот, рано утринава еруптира по  втор пат годинава, јави дописникот на МИА.

Вулканот вчераутро предизивка сеизмичка криза или „вулкански потрес, што е знак за пристигнување на магмата на површината, а беше регистриран во 12:20 часот по локално време“, потврди префектурата од Сен Дени-Реунион.

Според апаратите на вулканолошката опсерваторија, изворот на овој потрес се наоѓа на источниот дел од вулканот.

Поради мерките за ограничено движење што се во сила заради спречување на ширењето на Ковид-19 на островот – каде има 281 заразени – вулканолозите не можеа визуелно да го потврдат „доаѓањето на лава на површината“.

Потврда за ерупцијата беше извршена од жандармеријата во извидувачки летови. Ерупцијата е во калдерата на вулканот, областа е целосно ненаселена и затоа ерупцијата не претставува опасност за луѓето и имотот.

Во 2019 година, Питон де ла Фурнeз  имаше пет ерупции.  Вулканот се наоѓа на надморска височина од 2.632 метри и  е меѓу најактивните во светот.

Вулканот се наоѓа во подрачје класифицирано како светско наследство од УНЕСКО. Има природно куќиште и со тоа не претставува никаква опасност за населението или посетителите кои сакаат да се восхитуваат на овој уникатен пиротехнички спектакл во Индискиот Океан.

Next Post

Пожар во куќа во Кавадарци, нема повредени

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk