ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Растот на слободните економски зони во Северна Македонија интересна можност за германските компании

Со растот на слободните економски зони и заживувањето на старите индустриски објекти, се појавуваат интересни можности за германските компании.

April 23, 2020 09:54
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Како последица од настанатата криза со корона вирусот, веќе може да се каже дека ќе има промени на пазарот на трудот во Германија, но и во Северна Македонија. Со зголемувањето на невработеноста во Германија, емиграцијата од Северна Македонија во Германија истовремено ќе се намали.

За компаниите во Северна Македонија, ова значи дека достапноста на работната сила може да се зголеми индиректно, наведува во денешната утринска телеграма директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс.

Повикувајќи се на стручната анализа што ја објави Делегацијата во понеделникот, на 20 март годинава, Мартенс вели дека со растот на слободните економски зони во Северна Македонија и заживувањето на старите индустриски објекти, се појавуваат интересни можности за германските компании.

Во овој момент, оценува, особено е битно да се поддржат компаниите кои се важни за системот, како и компаниите кои се поставени на здрава основа.

На прашањето, пак, за последователните трошоци како резултат од користењето на мерките за поддршка на стопанството кое, според него, си го поставуваат сите компании, треба да се одговори што поскоро и транспарентно.

-Минатата недела, Германската комора за индустрија и трговија (ДИХК) ги претстави резултатите од World Business Outlook анкетата (пролет 2020), која се спроведе помеѓу германските комори во светот. Добиените резултати покажуваат дека германските компании во странство ги чувствуваат во целост последиците од пандемијата на корона вирусот. Сите релевантни истражувања кои се спроведени досега се разликуваат во однос на степенот на претстојниот пад во стопанството во нивните земји. Прогнозите се менуваат секојдневно и се одраз на фактот дека во моментов сè уште ситуацијата не е јасна, пишува Мартенс.

Додава и дека за да се спречат последиците од економската криза споредливи со онаа од 1929 година, Владите во САД, Германија, но исто така и во Северна Македонија презедоа силни мерки за јакнење на компаниите и не ги повторија грешките направени со водење политика на штедење кои беа направени во 1929 година.

-Особено е важно да се поддржат компаниите кои се важни за системот, како и компаниите кои се поставени на здрава основа. Одржливото закрепнување на економијата нема потреба само од терапија  што ќе делува веднаш, туку има потреба и од чувство за пропорција „Вклучување на државата што е можно помалку, вклучување на државата онолку колку што е потребно“.

Откако компаниите ги поздравија мерките за поддршка на стопанството, треба да стремат кон што е можно поскоро враќање со полна снага на пазарот, пишува Мартенс во утринската телеграма.

Next Post

Заев: Честит месец Рамазан, ви посакувам лесен пост и мир во семејствата

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk