пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ (на Фејсбук)
Го решија спорот со Грција, океј, го решија прашањето за името, Македонија е во НАТО, пред вратата сме на ЕУ, ја победуваме короната, имаме договор со Бугарија, ја ослободија и консолидираа државата, ги ослободија граѓаните и институциите, ги покачија платите и пензиите, но, толку, тие не можат од Македонија да направат Швајцарија, тоа е работа за патриотите, за луѓето кои вистински ја сакаат Македонија, време е власта да им ја дадеме на најдобрите меѓу нас, на комитите, без избори, какви избори, за кој кур ни се избори, ако имаме таква политичка понуда, Дибек, Лигњата и жртвата на расизам, ксенофобија, омраза и закани, нивниот препочитуван лидер, ако, разбира се, не им има подлегнато на лутите рани од остриот збор на Тричковски, тоа е како да ги имаме Меси, Неимар и Суарез во фудбал или Макаров, Харламов и Маљцев во хокеј, тие ќе знаат од нашата мила Татковина да направат Швајцарија, дали е некој против, не, дали има воздржани, не, браќа и сестри, нека ни е честито зашвајцувањето, така се вика процесот преку кој оркестарот за народни пеачки, плачки и пљачки, вмро-дпмне, ќе направи од Македонија Швајцарија, ние сме среќен народ!