Под стакло“ цртежи во изолација е насловена најновата изложба на охридскиот уметник Сашо Блажес.
„Kога секој ден го гледаш преку стакло и пробуваш да го почуствуваш мирисот на ветерот, вкусот на снегот, зачинот на сонцето.. Гледав во мојата градина преку стакло, ги гледав мачките како се бркаат низ цвекињата, мравките како ми го крадат семето на зацртаниот тревник ……
Нема поголемо” казна” за еден творец од излолација.
Време посветено во трагање на природата во себе.“, вели Блажес.
Изложбата „Под стакло“ содржи 25 цртежи на хартија во комбинирана техника што авторот ги изработи во периодот на прогласувањето на светската пандемија на коронавирусот.
– Идејата и мислата кај еден творец се апстрактен флуид кои можат да го променат правецот на уметникот во миг, да се приспособат на секоја нова ситуација и да го извлечат најдоброто од неа. Изолацијата кај еден уметник е нужност и секојдневие, а уметноста секогаш го наоѓала својот пат да биде видена и доживеана. Денес имајќи го интернетот како алатка за комуникација се одлучив да и презентирам на публиката дел од изложбата во краток видео-формат преку социјалните мрежи, вели авторот Блажес.
Како што рече самиот, изложбата „Под стакло“ ја посветил на времето посветено во трагање на природата во себе.
Блажес е академски уметник, дипломец и магистрант на Универзитетот за ликовни уметности во Букурешт, како еден од најдобрите студенти на графичкиот отсек. Досега Блажес има изложувано во Берлин, Букурешт, Венеција, Њујорк, Темишвар, Сараево и Охрид.