ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Извештај на БТИ: Одличен напредок, Владата решена да ја возобнови демократијата по 11 години десничарско конзервативно владеење

По 11 години десничарско конзервативно владеење и политичка криза во врска со трансферот на власта, новата Влада е решена да ги преизгради институциите и да ја возобнови демократијата, се наведува во извештајот.

May 2, 2020 11:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија во 2020 бележи Значителен напредок, споредено со периодот пред четири години, се вели во извештајот на Бертелсман индексот за трансформација – БТИ во повеќето од критериумите. Најголем успех е нотиран во Индексот на владеење каде земјава бележи скок од дури 19 места, а на самата листа бележи напредок од 14 места. Во регионот пред земјава е само Црна Гора, а Албанија, Србија, БиХ и Косово се зад нас.

Во Извештајот во однос на Политичка трансформација е нотирано дека Владата се труди да ја врати демократијата и довербата на граѓаните во институциите.

„По 11 години десничарско конзервативно владеење и политичка криза во врска со трансферот на власта, новата Влада е решена да ги преизгради институциите и да ја возобнови демократијата“, пишува во извештајот.

Регионално,  Северна Македонија е збирно подобро оценета од Унгарија, Србија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина и бележи значителен напредок во однос на 2018 година.

Што се однесува до индексот на владеење, Северна Македонија е подобро оценета од Бугарија, Полска, Хрватска, Албанија, Србија, Косово, Романија, Унгарија и Босна и Херцеговина.

 

БДИ прави оценка на земјите во однос на нивната политичка трансформација, економска трансформација и владеењето, а во секои од овие области има повеќе индикатори.

Во извештајот се наведува дека решавањето на тридеценскиот спор со Грција околу името ги остранило главните препреки за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ и се додава дека сетот реформи на правосудството има за цел да ја намали политичката контрола и да ја воспостави независноста на судството.

Иако е забележан одреден прогрес за подготвка на македонската економија за заедничкиот пазар на ЕУ, Северна Македонија се уште бележи слабости во сферите на образованието и иновациите, како и во сферата на инвестициите. Како забелешка во извештајот е спомената и преобемната јавна администрација.

Бертелсман индексот за трансформација ги анализира процесите на трансформација на земјите во светот во однос на демократијата и развојот на пазарната економија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Вимблдон ФБ

(ВИДЕО) Ново полуфинале за Алкараз на Вимблдон

July 8, 2025

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ со спроведување на уставните измени

July 8, 2025

Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто се извини Мицкоски?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk