Кога здравството и епидемиолозите ќе кажат дека е безбедно, дури тогаш ќе се одржат избори. Ниту една политичка кариера не е пред здравјето на граѓаните, рече на денешната прес конференција генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
„Мицкоски пред два месеци велеше дека од СДСМ сме молеле Бога да се случи корона вирус за да нема избори. Но што се случи со Мискоски по два месеци па да рече дека изборите мора да се одложат….Да не доби уплав само по два месеци, па се премисли. Бега од демократки мегдан…..И покрај сите ваши напори Северна Македонија ќе продолжи да чекори по вистинскиот пат. Мицкоски продолжи да спортуваш, така си најмалку опасен за македонското здравство и интеграции. Крајно неодговорно е да се лаже за отпуштања и немање на тестови за корона вирус. СДСМ и граѓаните се подготвуваат за новата реалност“, рече Николовски.