ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од избори, им пропаднаа сите срамни обиди државата да не успее

May 3, 2020 08:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во овој тежок период со кој се соочи светот и нашата држава поради коронавирусот, на граѓаните им е потребна сериозна, одговорна, ефикасна и брза борба против невидливиот непријател којашто ќе им помогне на сите погодени од кризата и ќе им го врати нормалниот живот, се вели во соопштението за јавноста од СДСМ.

„За време за здравствената и економска криза, граѓаните прават јасна разлика помеѓу одговорно и неодговорно однесување.

Граѓаните не ја забораваат срамната изјава на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на крајот од февруари, кога кажа дека „од СДСМ молеа бога да се случи корона вирус за да не може ВМРО-ДПМНЕ да излегува со народот на протести“.

Наместо со заедништво и солидарност да придонесе во борбата против коронавирусот, Мицкоски се исмеваше и ја потценуваше пандемијата.

Истиот тој Мицкоски само два месеца по несреќната и скандалозна изјава, се исплаши и бега од одржување на предвремени парламентарни избори.

Мицкоски е соочен со неуспехот на неговите срамни, непатриотски надежи и напори да го одложи членството на Република Северна Македонија во НАТО, државата да не добие преговори со ЕУ, како и со пропаднатите подметнувања здравствените институциите да не успеат во справувањето со епидемијата, поради што знае дека е губитник.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажаа крајно неодговорно однесување во клучните моменти за здравјето на македонските граѓани. Тие се свесни за тоа и затоа бегаат од  демократски мегдан. Тоа е причината поради којашто не сакаат функционално Собрание, нормализирање и избори.

СДСМ ќе продолжи да се однесува одговорно и секој следен чекор, ќе биде исклучиво во функција на сигурната иднина на граѓаните, а Мицкоски нека продолжи да спортува, така е најмалку опасен за македонското здравство, за македонската демократија.

Граѓаните се уморни евтиното политиканство, деструктивно и неодговорното однесување на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ и ги препознаваат нивните лаги со цел да шират паника во време на криза кога им е потребна сигурност.

Граѓаните знаат дека Мицкоски е тој кој е против европска, безбедна и стабилна иднина на нашата држава, против членство на државата во НАТО и ЕУ.

СДСМ и граѓаните сериозно се подготвуваат за новата реалност, за враќање на нормалниот тек на процесите и одговорност е на сите политички партии и институции тоа да го овозможат.“, истакнуваат од СДСМ

 

Next Post

Пендаровски: Улогата на медиумите е особено важнa за да се ослободиме од лажни вести посебно во време на криза и конфликти

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk