ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Од денеска почна дисперзија на онколошката терапија

Од министерството известуваат дека пациентите со одредени онколошки заболувања веќе нема да патуваат во Скопје на Клиниката за онкологија и радиотерапија и својата редовна доза терапија ќе може да ја примат во најблискиот регионален онколошки центар.

May 4, 2020 09:54
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Почна дисперзија на онколошката терапија за пациентите со малигни болести од другите градови и населени места од државата, соопштуваат од Министерството за здравство.

Од министерството известуваат дека пациентите со одредени онколошки заболувања веќе нема да патуваат во Скопје на Клиниката за онкологија и радиотерапија и својата редовна доза терапија ќе може да ја примат во најблискиот регионален онколошки центар. Од таму истакнуваат дека распределбата на онколошката терапија, таа што може да се прима во регионалните центри каде што има услови за тоа, се прави со цел да се заштитат овие пациенти и да не се изложуваат на дополнителен ризик.

„Дисперзијата и пренасочувањето на пациентите се применува само за одредени типови карцином заради специфичноста на онколошката терапијата и потребата од посебни услови за примање. Во регионалните центри во Битола, Штип и Тетово ќе се прима супкутана и таблетарна терапија. Пациентите што ќе бидат пренасочени во некој од овие центри претходно ќе бидат информирани од својот доктор онколог или сестра од Клиниката за онкологија во Скопје, во однос на тоа дали ќе има промени, кој е точниот термин и регионалниот центар каде ќе може да ја прими терапијата или да ги подигне таблетите. При дисперзијата во регионалните центри се следи точниот календар на примање терапија за секој пациент одделно“ потенцираат од Министерството за здравство.

Во регионалниот онколошки центар во Битола, терапија ќе може да примаат пациентите од Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Прилеп, Македонски Брод, Демир Хисар и пациентите од селата и населените места околу овие градови.

Во онколошкиот центар во Штип се распределени пациентите од Виница, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Радовиш, Свети Николе, Струмица, Неготино, Делчево и Валандово, и пациентите од селата околу овие општини. Кон регионалниот центар во Тетово се приклучуваат пациентите од Гостивар и Дебар како и селата околу овие општини.

На Клиниката за онкологија и радиотерапија во Скопје, својата терапија ќе продолжат да ја примаат покрај пациентите од Скопје, уште и од Куманово, Велес и Крива Паланка.

Со цел обезбедувањето побезбеден начин за примање на онколошката терапија, од Министерството за здравство упатуваат апел до пациентите да ги следат препораките од својот онколог за дополнителна заштита и да не се изложуваат на непотребен ризик

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Заев: Подготвуваме трет сет економски мерки за заживување на економијата

НАЈНОВО

Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

Јаневска вели се работи за недоразбирање, СДСМ реагира – Со една работа се пофалија и таа ја излажаа, учебници нема

September 16, 2025

Откриени нови детали за двојното убиство и самоубиство во Велес

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk