ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Верски и политички кабаетлии

May 12, 2020 09:48
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Не успевам да се сетам на ни една друга издржана причина заради која верскиве заедници инсистираат на кршење на здравствените мерки против групно собирање на нивните вернички пастви, освен да е тоа некако врзано за падот на приходите на нивните верски институции. Тоа ми се чини како единствено рационално објаснување – ако ова самото по себе не е контрадикторност во аргументацијата – бидејќи не верувам дека има и еден вистински верник кому ќе му ослабне или ќе ја загуби верата седејќи дома уште една-две „заразни“ недели. Оти, ако е поинаку, тогаш верските заедници имаат далеку поголем проблем, одошто само судирот со јасните законски одредби кои тргаат од претпоставката дека верата не е заразна, ама вирусот е.

Ваквиот впечаток е уште повеќе засилен од однесувањето на самите великодостојници. Кога ќе го слушнете она што го говорат, не само деновиве, Владиката Тимотеј и Реисот Реџепи, на пример, ви се чини дека се работи за цинични и бесчувствителни, арогантни, па и агресивни селски кметови (народски: коџабашии), небаре предводат синдикати на камионџии, а не угледни верски заедници.

Но, не се само тие кабает. Надлежната државна Комисија за односи со верските заедници, практично, не функционира. Законот што ја регулира нивната работа е штур и површно-генерален, можеби и каков што треба да биде, за да не ја загрози слободата за верското организирање во земјава. А професорот Цане Мојановски, еден од најдобрите „цивилни“ познавачи на материјата за односот помеѓу државата и верата во Македонија, со право потсетува дека со години веќе не постои ни телото што некогаш функционираше при Кабинетот на претседателот на државата кое, под негово покровителство, беше задолжено за цивилизирано одржување на континуираниот дијалог помеѓу „земните“ и „небесните“ институции во заедницава.

Па и аргументот за финансирањето на верските организации не е за потценување. Не дека Реисот, на пример, не би можел да го продаде рачниот часовник со кој би можел да финансира барем неколку месеци од работата на ИВЗ; или дека, како во вицот, на поп што се дави, за да го спасите, не му се вели „Попе дај рака“, туку „Попе на рака“… и сите медиумски репортажи за џиповите, резиденциите, верските имоти, приходите од свеќите и патувањата за аџилак… Тие, бездруго, претерани прикаски ќе си останат, но многу малку се однесуваат на најголемиот дел од свештеничкиот сталеж кој не живее ни одблиску до раширениот впечаток во јавноста за луксузирањата и удопствата на врвот од клерот.

Што е право, некако дрскоста на верскиве ликови речиси по автоматизам се зголемува кога на власт во државава не е националистичката десница, иако во ова раководство на СДСМ не знаеш кој е попрв ќе се протурка да бакне рака на владика, особено во присуство на камери. А, сепак, барем кога е митрополската елита во прашање, недовербата, па и презирот им извира од очи, а на неколкумина и елоквентно од уста, особено во време на избори. Иако, рака на срце, радикалниот национализам на Реџепи не трпи голема конкуренција.

Сè на сè, како и за останатото во државава, за запрепастувачки неодговорното однесување на верските лидери во време на здравствена криза, дел од вината си е и во „секуларната“ политика. Проблемите со години се туркаат „под тепих“. Повремените незаконски однесувања на верскиве „балетани“ немушто се толерираат, што го зацврстува општиот впечаток дека се тие во секоја прилика над законот, а кај нив постои чувство дека јавноста неправедно ги „криминализира“. И институционалниот дијалог со нив (и меѓу нив) како да е сосема замрен, освен кога треба да се ќари некој акутен политички поен (не знам зошто, ми доаѓа Бујар Османи на памет…).

Знаете, не се нашите верски заедници баш маргинални невладини организации, за да се потцени позитивното, а и негативното општествено влијание што можат да го предизвикаат. И сè така, до следниот инцидент.


Сите права се задржани. 
Next Post

Бразил испраќа армија за заштита на Амазонија

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

October 27, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, но граѓаните нема да подлегнат

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk