Германија има намера да ги отвори границите кон соседите во јуни. Овие информации произлегуваат од телефонскиот разговор помеѓу германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот австриски колега Себастијан Курц, пренесува МИА.
Кабинетот на канцеларот Курц потврди за АПА дека официјални лица разговарале, но не соопшти детали.
Германија се подготвува за релаксација на мерките на границите, а канцеларката Меркел им претстави „двостепен план“ на своите партиски колеги во Бундестагот.
Од денеска се отвора германско-австриска граница за жителите на пограничниот регион, како и за оние кои работат преку граница, откако беше постигнат договор за отворање на неколку помали премини.
Меркел рече дека не сака граничните контроли и рестриктивниот режим да продолжат на неодредено време. Според неа, владата ќе разгледа понатамошни чекори кон отворање на границите.
Од 15 јуни, границите би можеле во целост да бидат отворени.