ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев со поддршка за електронското гласање и овозможување 16 часа за гласање на изборниот ден

-Кога би можеле електронски да ги спроведеме изборите тоа би било одлично, но пред се треба опозицијата да се сложи со таков модел на гласање. Во земјите кои се гласа на ваков начин, прво се усогласува со закон, а опозицијата потврдува дека власта и државните органи кои ги спроиведуваат изборите тоа го направиле доволно безбедно, сигурно и фер за сите партиципиенти на изборите, истакна  Заев во интервју за Телма.

May 13, 2020 20:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Електронското гласаење на изборите, но и продолжување на часот за гласање на изборниот ден се добри за разгледување, доколку и опозицијата се согласи за тавиот начин на избори, порача вечерва лидерот на СДСМ Зоран Заев на Телма.

-Кога би можеле електронски да ги спроведеме изборите тоа би било одлично, но пред се треба опозицијата да се сложи со таков модел на гласање. Во земјите кои се гласа на ваков начин, прво се усогласува со закон, а опозицијата потврдува дека власта и државните органи кои ги спроиведуваат изборите тоа го направиле доволно безбедно, сигурно и фер за сите партиципиенти на изборите, истакна  Заев во интервју за Телма.

Тој рече дека се согласува и со идеата за продолжување на избирачкиот ден во однос на саатницата кога се гласа.

-Точно е дека на досегашните избори гласањето беше од 7 до 19 часот. Но имајќи в предвид дека сега збориме за избори во јуни, а тоа гледано календарски од 21 јуни е лето. Никој неможе да каже зошто не од 6 наместо од 7 часот и зошто не до 22 вечерта или до 21. Ако биде до 22 ќе имаме три часа навечер и еден наутро, што ќе се добијат четири часа простор на спроведување на гласачите, појасни лидерот на владејачката партија.

Во однос на гласањето во услови додека се уште има присутност на корона вирусот, Заев посочи дека нема многу суштински да се смени во гласањето бидејќи, како што рече, и до сега се внимавало на избирачкото место, без групирање и запазување на редот.
-На избирачкото место и во нормални околности, односно без ваква состојба како што е со корона вирусот, нас не не пуштаат да влеземе додека не излезат тие што гласаат или пак да се групираме по ходниците бидејќи можно е да се влијае врз гласачите. И овој пат тоа ќе биде така. Ќе се знае дистанца определена од 1,5 до два метра, колку што е според здравствената комисија, носење на маски итн. Се влегува се подава лична карта на дистанца, при легитимирањето ќе ја симнеме маската потоа ја враќаме маската и понатаму поминуваат стандарните дејствија. На влезот и на излезот дезинфицирање, а ако треба државата и да купи пенкала тоа ќе го направи, ќе купи еден милион и 800 илјади пенкала што од прилика чини 150.000 евра, рече Заев.

Тој нагласи дека покрај гласачите и избирачкиот одбор треба да биде заштитен и дека очекува за тоа да се изјасни Комисијата за здравство како би се спровело сето тоа.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Заев: Никој не праша колку Албанци или колку Македонци се заразени со Ковид-19, е ова е општество еднакво за сите

НАЈНОВО

Фото: Крајбрежна служба на Грција

Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно

September 4, 2025

Турција блокираше над 311.000 страници и содржини на социјалните мрежи

September 4, 2025
Фото: Никола Маџиров

Никола Маџиров лауреат на Меѓународната награда за поезија во Кина

September 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце Ѓорѓиевски, во тимот за Скопје го вклучи Гоце Станковски, осуден за примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk