Државната изборна комисија се очекува денеска да испрати мислење до кабинетот на претседателот Стево Пендаровски за временските рокови потребни за спроведување на парламентарните избори, пишува 360.
Членовите на комисијата вчера оствариле средба со претседателот која следуваше по лидерската средба на Водно во вторникот (12 мај).
На лидерската средба се разговарало за датум за избори и се постигнал консензус – пред да се одреди датумот, да се праша ДИК за мислење околу потребните рокови за организација на изборниот процес, координирање со ОБСЕ/ОДИХР за тоа кога и колку набљудувачи би можеле да испратат, како и консултација со Комисијата за заразни болести за предвидувањата за состојбата со корона вирусот во наредниот период.
Затоа, лидерите се се сложиле дека најпрво е важно да ги добијат клучните информации од Комисијата, по што наредната недела повторно да се сретнат кај претседателот Пендаровски.
Министерот за здравство, Филипче, пред лидерската соопшти дека врз основа на анализите на Комисијата се очекува наредните два месеци да бидат мирен период кога ќе има најзначајно намалување на ширењето на заразата.