ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Расте бројот на заболени, најмногу во Скопје и Тетово

Надлежните велат дека кластерите на новозаболените во Скопје се лоцирани и оти се од исти семејства. Се заразиле на семејни настани и собири.

May 21, 2020 18:19
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Од вкупно новозаразените 40 лица со Ковид 19 во изминатото деноноќие, 26 се од Скопје, а 10 од Тетово. Само во последните пет дена, во овие два града се потврдени вкупно 96 случаи, 72 во Скопје и 24 во Тетово.

Од Министерството за здравсто за МИА информираат дека согласно податоците од ИЈЗ, од 26 новозаболени во Скопје, деветмина се од општина Аеродром, шест од Чаир, четворица од Сарај, по двајца во Центар и во Бутел по еден во Кисела Вода, Гази Баба и Петровец.

Надлежните велат дека кластерите на новозаболените во Скопје се лоцирани и оти се од исти семејства. Се заразиле на семејни настани и собири.

Собирањето на луѓето во групи и непридржувањето до мерките, е причина за зголемувањето на бројката на заболени со Ковид-19 и во Тетово.

Специјализантот по епидемиологија Наим Скендери од Центарот за јавно здравје – Тетово, вели дека од 10-те новозаболени, повеќето се луѓе кои биле во контакт со заразено лице, но и има и нови кластери, што, според него, е најголемиот ризик за зголемување на бројките.

Најголем број од случаите се во општините Тетово и Боговиње со околните села.

Според податоците на Министерството за здравство, во Скопје досега се потврдени 673 заболени, од кои активни се 169, а починаа 24 лица.

Во тетовскиот регион, пак, досега се бележат 161 заразен, активни се 73, а 14 се починати.

Next Post

Манчевски: Дел од новозаразените потекнуваат од литијата во Струга и од ифтарските вечери

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk