ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

„Виталиа“ инвестира во еколошки производен објект што ќе донесе и нови вработувања

Изминативе месеци, компанијата се приклучи на иницијативата на Обединетите Нации за намалување на емисиите на стакленички гасови во целиот систем на производство, со што ефективно го намали придонесот во климатските промени.

May 22, 2020 11:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Компанијата „Виталиа“ ја отпочна реализацијата на инвестицискиот проект за изградба на целосно нов објект од над 700 квадратни метри. Како резултат на овие активности, ќе се создадат услови за отворање на речиси 50 нови работни места што ќе опслужуваат две производствени линии – едната за екструдирање, а другата за производство на житни барови.

– Пандемијата со коронавирусот сериозно ги погоди сите сегменти од општественото живеење, а особено, на економските активности, но за нас, развојот, напредокот и проширувањето се силна мотивација и во овој навистина тежок период. Притоа, стандардите што си ги поставивме, за постојана примена на последните новитети од индустријата за производство на здрава храна, несомнено ќе бидат дел и од овој сосема нов објект – велат од „Виталиа“.

Дел од корисната површина на капацитетот ќе биде наменета за производство, а дел за помошни простории. Со цел да придонесе кон заштита на животната средина, „Виталиа“ ќе го направи овој објект целосно енергетски ефикасен. Во него ќе бидат инсталирани термоизолациски (PIR) панели, а за напојувањето на опремата ќе се користи обновлива енергија. Фотоволтаици ќе бидат поставени на покривната конструкција, односно, покрај новиот објект, со нив ќе се снабдува и целото седиште на компанијата. Геотермалните пумпи ќе обезбедуваат ладење и греење.

– Матичниот пазар, од каде што ја почнавме нашата успешна приказна, за нас и понатаму ќе биде носечка инспирација, меѓутоа, ние како компанија сме силно присутни и во регионот, но и на глобално ниво. Имајќи го тоа предвид, ние секогаш сме во тек со модерните технологии, искуства и човечкиот капитал, меѓутоа, и со вредностите што денес е особено значајно да се почитуваат и да се практикуваат. Меѓу нив, заштитата на животната средина отскокнува како приоритет во којшто максимално мора да се вложува, а во таа насока е и оваа наша инвестиција – истакнуваат од „Виталиа“.

Изминативе месеци, компанијата се приклучи на иницијативата на Обединетите Нации за намалување на емисиите на стакленички гасови во целиот систем на производство, со што ефективно го намали придонесот во климатските промени. „Виталиа“ ја отпочна и транзицијата кон биоразградливи пакувања, со која што пластичните ќеси ќе бидат заменети со хартија што се рециклира, а исто така, воведе и електрични возила во сопствените транспортни капацитети.

 

Next Post

Граѓанска организација Тиииит! Инк - Повик за учество на уметници во проект за илустрации за родова еднаквост

НАЈНОВО

Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Хиларија Болдвин откри: Со Алек одиме на брачно советување поради големата разлика во години

November 14, 2025

Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот; Ѓорѓиевски – завршува периодот на застој и започнува нова фаза на стабилизација и развој

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk