ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

За премолчувањето пред злоупотребите, прекршоците и манипулациите на верските лидери

May 23, 2020 07:00
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КРИСТИНА КОСТОВА

Среде пандемија, кога насекаде во светот се преземаат строги мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, кај нас сѐ уште се води полемика за тоа дали и колку религиозните обреди може да се спроведуваат. Се разбира, таа полемика произлегува од дрскоста на верските лидери, кои не водат сметка за државни прописи, уредби и насоки, туку сами си донесуваат одлуки за нивното и однесувањето на нивните следбеници.

Последен пример за такво смело безобразие е одлуката на ИВЗ објавена на Фејсбук профилот на Реисот Сулејман Реџепи во пресрет на празникот Рамазан Бајрам, во која, меѓу другото, стои дека џамиите ќе бидат отворени и дека се очекува од верниците да ги посетуваат џамиите. Реџепи самостојно и спротивно на препораките од надлежните институции излезе со сопствен протокол кој се состои од активности преку кои лесно и брзо може да се рашири коронавирусот.

Постапката на Реџепи е уште една во низа фрлања ракавици од религиозните лидери кон здравствените авторитети, но и кон сите граѓани кои со месеци се оградуваат од социјализација, од средби со блиските, се затвораат во своите домови, за да придонесат кон спречување на ширење на вирусот. Така религиозните лидери сиот овој период покажаа дека воопшто не водат грижа за граѓаните и за нивното здравје, туку дека само сакаат и оваа ситуација да ја искористат за да се наметнат како фактори од кои зависат многу работи.

Оваа недела самоволие покажа Реџепи, истиот оној Реџепи поврзан со бројни обвинувања за криминали со кои наводно присвоил околу 700 илјади евра; истиот оној Реџепи чиј син некако волшебно станал инспектор во МВР, инспектор кој ја користи својата положба за да влијае врз населението, да објавува снимки на Фејсбук како го прекршува полицискиот час, да се заканува на претседателот на државата; истиот оној Реџепи чиј внук пред само две недели учествуваше во вооружена пресметка на Матка. Гледате, таа испреплетеност со криминали како да е главно својство на лидерот на Исламската верска заедница.

Самоволие на ова ниво постојано покажуваат верските лидери од повеќе ешалони и повеќе заедници во земјава, како муслиманската, така и христијанската. Моќта и влијанието верските лидери ги црпат од верниците, особено од оние кои слепо ги следат нивните проповеди, затоа што чувствуваат дека така зачувуваат некој елемент што го сметаат за клучен за нивното постоење, верски, етнички или каков и да е. Традицијата ќе ги изеде, ама тие пак се подготвени да се жртвуваат за неа.

Секако, оваа ситуација не е новонастаната. Впрочем, таа е резултат на повеќедецениски социјален инженеринг со кој преку религиозните групации се вложува во поделби на граѓанството по линиите на етникум и религија комбинирано, а што резултира со ретрадиционализација, затвореност, гетоизирање, намалување на нивото на јавна свест и едуцираност, а поголема нетрпеливост кон различностите. И сето тоа додека оперираат надвор од даночните и воопшто од законските регулативи, а управуваат со огромен имот и богатство.

Проблемот е во тоа што со години се премолчуваат. Затоа, тие си дозволуваат да наметнат свое присуство дури и онаму каде не смеат да бидат, на удирање темели на нови згради на институции или фабрики, на први академски часови, затоа си дозволуваат јавно да повикуваат на осуда на жени, на атеисти, на припадници на ЛГБТИ+ заедницата, на сите здраворазумни и прогресивни општествени чинители кои одамна ги имаат прочитано нивните провидни методи на манипулација.

Таа погрешна пракса на прогледување низ прсти за верските лидери конечно мора да престане, како што мора да престане и нивното мешање во општествените сегменти во кои не смеат да имаат влијание во една по Устав секуларна држава како што е нашата. Само така може да се спречи нивната понатамошна агресија и ова принудено тактизирање на цел еден државен апарат само со цел да не се испровоцира некој злоупотребувач како Реисот. Или било кој друг верски лидер…

 


Сите права се задржани.
илустрација: Chris Mars – “In Preparation of Barrier Transcendence” (2009) – Oil painting

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

June 7, 2025
Генерирано со ВИ

ФЕЉТОН: „КРУГОВИ“ – роман на Тина Иванова, 13 ДЕЛ

June 7, 2025
Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk