ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ден на младоста

May 25, 2020 10:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Ден на младоста, Марибор 1961 година

Ден на младоста, Марибор 1961 година

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Не можам да се сетам на нејзиниот облик, ја помнам низ магла. Очите ми беа насолзени од возбуда и трема. Нозете ми се тресеа. Имав вртоглавица. Кога ќе размислам, се чувствував како да сум болен од грип, како да ме тресе грозница. Сакав да побегнам, да се скријам, истовремено, сакав да бидам таму, се чувствував важно, големо.

Ми ја ставија в раце додека нешто ми зборуваа, веројатно ми даваа некои насоки или некој комунистички благослов, што ли, не знам. Само знам дека беше блескава и многу, многу тешка. Искрено, не знам ни кое одделение бев, шесто, можеби седмо, можеби бев поголем… Инаку, добро се сеќавам и на најраните години на детството, но тој миг, тие неколку минути ми се во магла.

Си го слушав срцето како ми татни во ушите. Мислам дека слушнав нешто како „Ајде, трчај!“ Во следниот миг потрчав. Немав здив, нозете сами трчаа, слушнав ракоплескање… Трчав. Бескрајно долго. Пот и солзи ми се слеваа во очите, не ги чувствував нозете, а со рацете (или со раката) толку цврсто ја држев што ми отрпнаа прстите и дланките.

Некаде во далечината, го здогледав момчето што требаше да ја преземе. Застанав пред него. Не знаев што да правам. Тој ги имаше подадено рацете кон мене. Некој ми довикна да му ја дадам. Тој ја презеде, се сврте и потрча. Толку беше. Ја носев Штафетата на младоста. Кога си одев накај дома, земјата како да не ја допирав. Бев среќен и горд.

(Се разбира, сите димензии и состојби до тука – растојание, време, сѐ заедно – се преувеличени, онака како што низ магла ги повикувам од спомените. Возбудата што ја чувствував го преувеличи целиот настан кој веројатно не траеше повеќе од неколку минути на растојание од некои стотина или помалку метри.)

По не знам колку денови, вечерта, на 25 мај, на црно белиот телевизор видов како истата таа штафета ја прими другарот Тито.

Со Титовата штафета ме врзуваат и многу други спомени.

Со поголема сигурност се сеќавам на еден претходен момент, кога бев четврто одделение, тогаш ја носев и локалната штафета. Пред да го истрчам делот што мислам дека водеше до градинката каде што е и моето гласачко место во денешницава, требаше да изрецитирам една песна. Е, тоа беше пех. Кажав Тито три пати и застанав. Учителката благо ми пријде, ме погали и ме тргна од сцената. По некое време, со истата благост, ме врати на сцената. Ја изрецитирав песната како од пушка. Многу радосен момент.

Уште порано, учествував и на Цветното дефиле во Скопје, мислам дека беше некаде 1974, 1975 година… Прво, второ одделение… Се сеќавам, ме имаше и на фотографија на насловната страница на весникот „Нова Македонија“. Единственото дете свртено кон камерата, малку излезен од стројот…

Штафетата ја носеа 12, 13, можеби и повеќе илјади млади луѓе секоја година, од 1945 до 1987 година, на траса од околу 10.000 километри, низ целата тогашна Југославија. За 42 години, веројатно околу половина милион млади ја носеа Титовата штафета, на исто толкав број километри поминати низ градовите, селата и патиштата на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Патот на последната штафета, во 1987 година, беше прекината во Словенија затоа што изби скандал. Словенечкиот дизајн на плакатот беше плагијат на нацистичкиот плакат „Третиот Рајх“ од Рихард Клајн. Штафетата таа година е дизајнирана во Словенија во која веќе подолго време имаше отпор против Штафетата и Денот на младоста, против Федерацијата воопшто. Во 1988 година, Штафетата на младоста, Титовата штафета, замина во историјата.

Да живее Денот на младоста!

 


Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025
Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk