ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕК предлага 12,9 милијарди евра претпристапна поддршка за Западен Балкан и земјите од проширувањето

May 27, 2020 19:51
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

 Европската Комисија (ЕК) денеска го презентираше долгорочниот буџет за Европската Унија, во него се предвидени 12,9 милијарди евра за претпристапниот инструмент, јавува дописничката на МИА од Брисел.

-За да ги поддржиме нашите партнери на западниот Балкан, Комисијата предлага да ја зголеми претпристапната поддршка на 12,9 милијарди евра, стои во предлог буџетот на Европската Комисија за периодот 2021-2027.

Меѓутоа документот не прецизира дали оваа помош се однесува само на западниот Балкан или дали тука е вклучена и Турција, како што е секогаш случај кога станува збор за средствата за земјите од проширувањето.

На прашање на МИА на денешната прес конференција дали Турција е вклучена во овие средства, еврокомесарот за буџет, Јоханес Хан рече: – „Во последните неколку години имаше суштински промени во алокацијата (на средства) за земјите кандидати, посебно во однос на Турција и ова на некој начин се антиципира во предлогот, така што моето разбирање е дека земјите од западниот Балкан ќе добијат повеќе отколку во тековниот период“.

Средствата од тековната буџетска рамка на ЕУ (2014-2020) посветени на проширувањето, или ИПА 2, изнесуваат околу 11,7 милијарди, додека во претходната рамка (ИПА1 ) изнесуваа околу 11,5 милијарди. Овие бројки, се разбира ја вклучуваа и Турција.

Останува нејасно како ќе се распоредат овие претпристапни средства и како западниот Балкан ќе добие „повеќе“ за периодот 2021-2027 отколку во тековниот, бидејќи за сега нема детали конкретно за предлогот што се однесува на проширувањето. 

Од Европската Комисија за МИА велат дека идната недела еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, ќе одржи прес конференција на која ќе бидат презентирани деталите од буџетот кои се однесуваат на соседската политика и политиката на проширување.

Во меѓувреме, експертите поставуваат и други прашања. Имено, начелниот предлог на Европската Комисија, изготвен во 2018, за претпристапните средства предвидувал 14,5 милијарди евра за ИПА 3, објаснува за МИА Билјана Спасовска од Балканската мрежа за развој на граѓанското општество и специјалист за ИПА фондовите.

–Бидејќи документот ги посочува само земјите од Западен Балкан а претпристапната помош ја опфаќа и Турција, не е  целосно јасно дали и за колкаво зголемување се работи, особено што до сега не знаеме какви ќе бидат алокациите според земји, вели Спасовска.

Таа за МИА дообјаснува дека според документите од ЕУ институциите се предвидува следните фондови за земјите од проширувањето да бидат распоредени на „фер начин“ помеѓу земјите.

Засега, ИПА фондовите се трошат согласно „перформансот“ на државите. Што поефикасно една земја ги користи средствата, толку повеќе и добива. Советот на ЕУ, вели Спасовска, соопшти дека во иднина ќе се делат овие средства на поправеден начин, но за сега деталите не се познати. Дали средствата ќе се алоцираат за секоја држава индивидуално? Според која логика? Овие прашања остануваат неодговорени за сега, во исчекување на прес на комесарот Вархеји.

Средствата од ЕУ за западниот Балкан ќе можат и да бидат намалени во случај на недостаток на реформски напредок.

Комесарот Хан денеска инсистираше на фактот дека за Комисијата, и за него лично како поранешен комесар за проширување, на западниот Балкан ќе му се посвети посебно внимание и инсистираше дека регионот “ќе добие повеќе“ од претходните буџети.

Предложениот буџет на ЕУ за периодот 2021-2027, вклучително и средствата за регионот, треба допрва да се најде на преговарачката маса на Советот и на Парламентот на ЕУ каде несомнено ќе претрпи измени. Овие две институции потоа треба да дадат зелено светло за усвојување на буџетот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Владата ги објави протоколите за работа - Летните бавчи од угостителските објекти ќе работат од 8 до 22 часот

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025
фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk