ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Калеска -Ванчева: Го живееме новото нормално, заедно да го заштитиме здравјето и да ја рестартираме економијата

Новата нормалност значи дека ќе мора да функционираме согласно протоколите за заштита при извршувањето на сите наши секојдневни обврски и активности.

May 28, 2020 13:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Почнуваме да ја живееме новата нормалност и затоа сите ние и како поединци и како општество мора да се подготвиме за предизвиците што ќе следуваат. Борбата со коронавирусот треба да ја продолжиме преку целосно почитување на мерките за заштита на здравјето. Имаме обврска и одговорност преку доследно почитување на сите мерки да го заштитиме нашето, но и колективното здравје и со тоа да им помогнеме на здравствените работници, рече на денешната прес-конференција Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ.

„Здравствената криза се намалува и се држи под контрола, но вирусот се уште е присутен. Затоа не смееме да се опуштиме.

Носењето заштитна опрема на лицето, како маска или марама, одржувањето физичка дистанца и зголемена лична хигиена се дел од нашето ново секојдневие.

Овие основни мерки за заштита мора да бидат наше правило од кое нема да отстапуваме. Наш заеднички влог за новата нормалност и заштита на здравјето на луѓето.

Новата нормалност значи дека ќе мора да функционираме согласно протоколите за заштита при извршувањето на сите наши секојдневни обврски и активности.

Политичкиот систем кој денес е во крајно комплицирана состојба исто така ќе функционира во рамки на оваа нормалност.

На граѓаните, на државата, им се неопходни функционални институции, ново Собрание и политичка Влада со полн капацитет и целосен, нов легитимитет од граѓаните.

Исклучително е важно подготвени да го дочекаме новиот бран на коронавирусот наесен, да го заштитиме здравјето на граѓаните и да ја рестартираме економијата.

Затоа ни се неопходни избори во првиот можен термин за да го дочекаме септември подготвени.

Изборниот процес, кампањата и гласањето ќе бидат организирани согласно здравствените протоколи пропишани од надлежните институции, кои ќе бидат безбедни за граѓаните, за нивното здравје и за сите учесници во изборниот процес.

Покажавме дека знаеме и можеме да се справиме со тешки ситуации како што беше здравствената криза и да го заштитиме јавното здравје.

Сега заедно ќе ја обезбедиме новата нормалност, ќе го заштитиме здравјето на граѓаните и ќе ја рестартираме македонската економија“, рече Калеска -Ванчева,

Next Post

Нови 38 случаи на Ковид 19, oздравени 16 пациенти, тројца починати

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk