ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Д-р Каламарас: Голема е реалноста од нов бран на болеста и да ни се случи сценариото од европските земји

Најмногу ме плаши дел од популацијата што сè уште го негира постоењето на вирусот, меѓутоа тоа е се додека некој од нивната фамилија не се зарази и потоа стигнуваме до состојба во која се соочуваме со тешки болни.

May 29, 2020 20:26
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Доктор Патриција Каламарас инфектолог, шеф на инфектолошкото одделение на „8ми септември“ и координатор за ковид 19, во денешното гостување во отвореното студио на 24 анализа на ТВ24 изјави дека новонастанатата состојба е резултат на недисциплината на граѓаните.

„Во моментов имаме 35 пациенти од состојбата која е новонастаната и е резултат на недисциплина. Досега одлично се држевме, не дозволивме да имаме сценарио како Италија или Шпанија, одевме по една ниска парабола и тоа многу помогна во организацијата на водењето на овие болни. Ја сфаќам потребата на популацијата да се ослободи од притисокот кој сите ние го вршевме, но тоа го правевме за добробитот на целокупната наша популација. Најмногу ме плаши дел од популацијата што сè уште го негира постоењето на вирусот, меѓутоа тоа е се додека некој од нивната фамилија не се зарази и потоа стигнуваме до состојба во која се соочуваме со тешки болни. Не сакаме да ги плашиме луѓето, но апелирам на едно разумно однесување да се сфати дека ова не е измислена работа и да се придржуваме до мерките. Новата ситуација со заболени датира меѓу недела до две наназад и е како резултат на непочитување на мерките.“ – вели доктор Каламарас.

Вели дека здравствените работници се борат веќе три месеци со вирусот, се судруваат со тешки трагедии кои се случуваат во моментот, колку и да се трудат на некои пациенти не можеме да им се помогнеме.

„Имаме случаи кога многу брзо се развиваат од една средно тешка клиничка слика во нагло влошување. Има и пациенти кои во почетокот не сакаат да се исконтролираат, не доаѓаат, размислуваат дека ќе помине само од себе и во исклучително тешка состојба доаѓаат во нашата болница кога веќе е предоцна. Апсолутно треба да бидеме загрижени за новиот бран заболени, немаме гаранции дека вирусот ќе го снема. Кога ќе стигнат нашите пациенти до инфективната болница паѓа во вода сето неверување нивно за болеста која предизвикува тешко дишење, температура итн. тогаш сите се уплашени. Апелирам на пациентите било каква сомнеж да се јават кај матичните лекари. Има и појава кај дел од популација да ја прикријат состојбата ако има заболен некој во самата фамилија што е потенцијален кластер и ширење на заразата на повеќе луѓе.“ – вели доктор Каламарас.

Доктор Каламарас потенцираше дека голема е реалноста од нов бран на болеста и да ни се случи сценариото од европските земји.

„Сега може да го добиеме тоа сценарио од другите земји.“ – вели доктор Каламарас.

Next Post

21: Починал од Ковид-19, семејството не сака да се тестира, началниците на Чулев саркастични, д-р Каламарас предупредува, новиот бран може да е по европско сценарио

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk