Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во цела област на Лос Анџелес, јавува кабинетот на гувернерот.
Њусом, на барање на градската управа на Лос Анџелес, ја активирал и Националната гарда како помош во справувањето со толпите.
И полициски час е воспоставен во неколку градови во Калифорнија.
Градоначалникот на Сан Франциско соопшти дека во градот ќе има полициски час од 20 часот во сабота, до 05 наутро в недела.
Над 20 градови во САД имаат воспоставено полициски час за сабота и недела, а во повеќе од 10 соединети држави е распределена Националната гарда.
Протестите во САД започнаа по убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицискиот службеник Дерек Мајкл Шовин, кој најпрво бил отпуштен од должноста, а по протестите во Минеаполис кои се проширија низ САД, е и обвинет за убиство.
Во видеото кое брзо стана вирално, се гледа како Флојд е легнат на земја и држен од тројца полициски службеници, и спротивно на нивните тврдења дека давал отпор и се заканувал, на снимката се гледа дека е беспомошен и повторува дека не може да дише.
A. H. C.