ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Македонски полициски синдикат: Чулев да каже кој од неговите советници е позитивен на Ковид-19

Mинистерот за внатрешни работи, Чулев наместо да ги пушта своите полтрони и „квази синдикати-поединци” да лајат по улици и на пресови, да излезе во јавноста и на транспарентен начин да ги извести нашите членови вработени во МВР, посебно тие кој што работните места им се во 1 зграда во кругот на министерството, кој е неговиот советник што е позитивен на Covid 19

June 11, 2020 16:53
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Македонскиот полициски синдикат излезе со соопштение до јавноста и медиумите откако вчера започнаа медумски превирања и контрадикторни тврдења од техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев и Сојузот на синдикати на Македонија, по што и Полицискиот синдикат кој е под закана од наводен паралелен синдикат во полицијата и секојдневно се соочува во пречки во работата и влијание, го повикуваат техничкиот министер Чулев транспарентно да одоговори кој советник од неговиот кабинет е позитивен на коронавирус со цел да се скенира состојбата и да се утврди кој се бил во контакт со него.

Македонскиот полициски синдикат како еден и единствен репрезентативен синдикат кој функционира во рамките на Министерството за внатрешни работи (што некому дефинитивно многу му пречи) користејки ги неотуѓивите права предвидени во Колективниот договор на МВР да се грижи за своите членови и сите вработени во Министерството за внатрешни работи го повикува министерот за внатрешни работи г-дин Наќе Чулев наместо да ги пушта своите полтрони и „квази синдикати-поединци” да лајат по улици и на пресови, да излезе во јавноста и на транспарентен начин да ги извести нашите членови вработени во МВР, посебно тие кој што работните места им се во 1 зграда во кругот на министерството, кој е неговиот советник што е позитивен на Covid 19, а се со цел да се скенира состојбата и да се утврди кој се бил во контакт со истиот, да се стават во самоизолација со што би се спречило евентуално ширење на заразата.

Од овде сакаме да ја искористиме можноста да потенцираме дека како синдикат секогаш ќе бидеме на страната на полициските службеници кои чесно и професионално ги извршуваат своите работни задачи, па затоа би сакале да апелираме до сите вработени во МВР да останат имуни на влијанијата од дневно-политички карактер и да бидат доследни на целосно операционализирање на законитоста и законите, како алфа и омега на полициското работење.

Почитувани колеги, уште еднаш сакаме да Ви дадеме целосна подршка на сите вас кои деноноќно сте на терен, и гордо покажувате на дело како се сака татковината и како се почитува униформата што ја носите. Рамо до рамо со медицинските лица несебично вложивте натчовечки напори да ја одржите ситуацијата со ширењето на заразата со корона вирусот под контрола. Исправени гордо пред предизвикот на браникот на нашата држава ја манифестирате Вашата човечност и саможртва кои ќе останат пример за идните генерации – пример за тоа како се сака и почитува својата татковина. Бидете горди што токму во вас полицајците, граѓаните во овие тешки моменти гледаат на институција на која може да се потпрат, служба која деноноќно е гарант на нивната безбедност.

На крајот сакаме уште еднаш да потенцираме дека Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат будно ќе ги следи случувањата во периодот кој што престои и ќе превзема мерки и активности во насока на подобрувања на правата од областа на безбедност и заштита при работа за своите членови./МИА/

Next Post

Филипче: Жалам што дополнителната заменик-министерка не го потпишува заемот, осум пати одговоривме на нејзините прашања

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk