ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Исплатени 1,6 милиони евра од „Ковид 2“, одобрени кредити за 117 компании, линијата од 8 милиони целосно ќе се исцрпи

Најголем дел од овие средства се завршени кај микро претпријатија кои вработуваат до 10 лица, односно дури 77 отсто, додека 21 отсто се мали компании кои вработуваат до 50 лица.

June 13, 2020 07:45
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На 117 компании со 3001 вработен досега им се одобрени средства од втората бескаматна кредитна линија „Ковид 2“ преку Развојната банка на Република Северна Македонија, а на 83 од нив веќе им се исплатени средствата.

Одобрениот износ, како што информираат за МИА од Развојната банка, на овие 117 компании е два милиони евра, а исплатени се 1,6 милиони евра на 83-те компании.

Од Развојната банка очекуваат во согласност со можностите во следните денови по веќе утврдената динамика да се одобри и наредната група апликации кои ги исполнуваат условите од оваа кредитна линија.

Оваа втора бескаматна линија „Ковид 2“ е во износ од осум милиони евра и според информацијата од Развојната банка ќе биде во целост исцрпена.

-Пристигнатите кредитни барања за оваа линија ги надминуваат средствата, а најголемиот дел од апликациите се пристигнати во првите два дена од повикот, велат од Развојната банка.

Јавниот повик беше објавен на 25 април годинава и траеше до 13 мај 2020 година. За средствата можеа да аплицираат компании од сите дејности, за разлика од првта бескаматна кредитна линија „Ковид 1“ која беше наменета за секторите туризам, угостителство и транспорти која е целосно исцрпена и исплатени се 94 отсто од средствата.

Од првата бескаматна кредитна линија исплатени се 5,2 милини евра кон 704 компании од одобрените 738 компании.  Најголем дел од овие средства се завршени кај микро претпријатија кои вработуваат до 10 лица, односно дури 77 отсто, додека 21 отсто се мали компании кои вработуваат до 50 лица.

-Првата бескаматна кредитна линија беше дел од првиот сет мерки на Владата, а јавниот повик за истата се отвори на 25 март 2020 година. Првите исплати почнаа на 14 април и заклучно со вчера се исплатени 94 отсто  од одобрените средства.  Барањата пристигнати за Ковид1, ги надминуваа средствата со кои располагавме за оваа кредитна линија и истите се исцрпени заклучно пристигнатите апликации до 6 април 2020 година, до крајот на работното време, велат од Развојната банка на Република Северна Македонија.

Оценуваат дека кредитната линија успеа во разумно време да одговори на потребите на микро и малите трговски друштва за обртни средства, при што дури 77 отсто во вкупно одобрените апликации се на микро компании.

За оваа кредитна линија заклучно со 6 април евидентирани се вкупно пристигнати 1.024 кредитни апликации, од кои 738 се одобрени за кредитирање, а 286 апликации се одбиени поради неисполнување на условите и критериумите од јавниот повик.

И двете бескаматни кредитни линии се дел од владините мерки насочени кон заштита на ликвидноста и работните места, но и поддршка за развој и зголемување на конкуреноста на компаниите.

Во наредниот период преку Развојната банка ќе се нуди и нова линија во вредност од 31 милион евра за поддршка на сите микро и мали фирми./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нано Ружин

Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

June 17, 2025
Фото: Илустрација. Генерирано со ВИ

Гардијан: Кина ги зголемува залихите на нуклеарни боеви глави, најбрзо во светот

June 17, 2025

Заев кон Ципрас: Во ова време на војни и хаотичен свет среќен сим што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Sources: Maxar Technologies, CNN analysis of satellite imagery

Graphic: Thomas Bordeaux and Rosa de Acosta, CNN

    (ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад, има повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силни експлозии одекнаа утрово во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk