Финалето на Лигата на шампионите за 2021 година ќе се одржи во Истанбул, а тоа во рускиот град Санкт Петербург ќе се пресели во 2022 година, јавува телевизијата „Скај Спорт“.
Според нивните информации, Европската фудбалска централа (УЕФА) има намера да ги помести за една година домаќинствата што веќе се распределени.
Оваа година, поради пандемијата на коронавирус, УЕФА донесе одлука да го одреди новиот европски клупски шампион по плеј-оф турнир, што ќе се одржи во Португалија.
Во оваа ситуација, Истанбул и Санкт Петерсбург ги зачувуваат освоените домаќинства, но во календарот одат една година напред./МИА/