ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Почина проф. д-р Димитар Ќорнаков, историчар на уметноста и публицист

June 19, 2020 15:39
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Историчарот на уметноста и публицист проф. д-р Димитар Ќорнаков почина вчера (18 јуни 2020) во 93-тата година од животот. Ќорнаков (1927, Стојаково, Богданечко) е припадник на првата генерација македонски истражувачи на средновековната уметност.

На уметноста на копаничарството и посветил најголем дел од својата истражувачка и научна работа. Темелно го проучувал творештвото на мијачките резбари (копаничари) во црквите и манастирите на Балканскиот Полуостров.
Повеќе од 35 години работел во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата како историчар на уметноста, а бил и директор на оваа институција. Во последните години од работниот стаж работел во Институтот за старословенска култура во Прилеп. Како стипендист на италијанската влада, во 1962 и 1963  бил на специјализација во Рим, во Централниот институт за реставрација.
Раководел и реализирал проекти за конзервација и реставрација на: Полошкиот манастир „Св. Ѓорѓи“, манастирите  „Св. Преображение“ во Зрзе, Прилепско,  „Св. Архангел“ во прилепското село Варош, црквите во Охрид – „Св. Богородица Перивлепта“ и „Св. Богородица Каменско“ и други.
Автор е на голем број монографски книги, меѓу кои: „Творештвото на мијачките резбари на Балканот од крајот на 18  век“; „Македонска резба“; „Македонски манастири“; „Резбарски центри во Македонија“; „Полошки манастир“; „Соборните храмови во Македонија“; „Царски двери“; „Слимнички манастир“; „Копаничарот Димитар Станишев од Крушево“; „Копаничарот Макариј од Галичник“; „Цркви и манастири во Тиквешијата“. Учествувал на повеќе конгреси и симпозиуми во земјава и странство.
Добитник е на национални и меѓународни награди, меѓу кои и на наградите „Св. Климент Охридски“ за животно дело од областа на културата и „13 Ноември“ на Град Скопје.
Next Post

Ангеловска: Министерството за финансии со раст од 9,1 процент во индексот на активна транспарентност

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каде го загубивме чувството за срам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk