ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Трите села во општина Врапчиште ќе добијат здрава и чиста вода за пиење

Инвестицијата надминува половина милион евра, а средствата се обезбедени преку проектот за подобрување на општинските услуги со заеми од Светска Банка, вели градоначалникот на општина Врапчиште, Исен Шабани.

June 19, 2020 17:45
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Водоводните системи во селата Неготино Полошко, Добри Дол и Врапчиште наскоро ќе бидат комплетирани со филтер станици со што ќе се им овозможи на жителите во овие подшарпланински села да користат чиста и здрава вода за пиење.

Градоначалникот на општина Врапчиште, Исен Шабани и заменик министерката за финансии Ширет Елези по извршениот увид во работите најавија дека две нови филтер станици ќе профункционираат пред предвидениот рок.

Обезбедувањето на чиста вода за пиење на околу десет илјади жители во општината било приоритет на локалните власти.

– Ова е плод на извонредната соработка која ја имаваме со Министерството за финасии и со тоа решаваме еден повеќе годишен проблем. Инвестицијата надминува половина милион евра, а средствата се обезбедени преку проектот за подобрување на општинските услуги со заеми од Светска Банка. Овој заем е на долг рок и ќе се отплаќа во наредите 13 години, рече Исен Шабани градоначалник на Општина Врапчиште.

Работите на двете филтер станици на локалните водоводи во селота Неготино и Добри Дол започнаа во март годинава и според планот требаше да завршат за една година.

Покрај двете нови, наскоро треба да привршат работите и опремувањето на филтер станицата за водоводот во селото Врапчиште. Таму по подолг застој, работите се придвижија и се очекува низ чешмите во ова село конечно да протече здрава вода за пиење.

Заменик министерката за финсисии Ширет Елези потенцира дека успешната реализација на проектот за изградба на филтер станиците овозможила еден грант вреден 150 илјади евра. Парите ќе бидат искористени за изградба на локалниот пат што ги поврзува селата Сенокосе и Градец.

Елези напомена дека изминативе две години за Општина Врапчиште, државата издвоила околу еден ипол милиони евра./МИА/

Next Post

Преглед на вести во 18 часот: по 15 години Ургентен центар во Прилеп, 400 km патна мрежа, достоинствено уредување на вечното почивалиште на Тоше...

НАЈНОВО

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

November 8, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Судијка трајно го блокира распоредувањето на Националната гарда во Портланд

November 8, 2025

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk