Претседателот на СДСМ, Зоран Заев објави пост за градежната офанзива на патиштата во источниот дел на земјава, нагласувајќи ја важноста на Коридорот 8, експресниот пат Штип – Кочани и останатите витални проекти кои допринесуваат и за економскиот развој.
Штип и Кочани се поврзуваат со брз и безбеден експресен пат со кој патувањето од Скопје до источниот дел на земјава се скратува за 30 минути. Граѓаните од целиот источен регион, од Штип, Свети Николе, Кочани, Виница, Делчево, Берово, Пробиштип, Злетово директно ќе почувствуваат придобивки од неговата изградба.
Искрено се радувам на изградбата на овој витален капитален проект кој значајно ќе придонесе за локалниот економски развој и ќе претставува главна транспортна артерија на истокот од нашата земја, напиша Заев на својот профил.
А. Н. С.