ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Царовска и Шкријељ во Охрид: Пензиите се сигурни, исплатите се редовни

June 23, 2020 16:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пензионерите се сигурни – пензиите ги добиваат предвреме а пензискиот систем е стабилен. Во секоја пензија што се исплатуваше изминатите месеци беше вградено и јануарското покачување. Не дозволивме ниту здравствено-економската криза да се одрази на стандардот на повозрасните членови на нашата заедница, нивните месечни приходи редовно пристигнуваат. Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања Мила Царовска и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска се сретнаа со пензионерите од Охрид и разговараа за актуелната состојба и прашањата поврзани со натамошната реформа на социјалната заштита.

„Грижата за пензионерите е еден од приоритетите на оваа Влада. Ветивме дека ќе ги зголемиме пензиите и тоа го направивме. Јануарската пензија беше повисока за 722 денари, а ова зголемување влезе во основицата на пензијата што се исплатува секој месец. Со тоа просечната пензија ја зголемивме на 15.500 денари, зголемувањето на пензиите се прави според закон, со издржани пресметки”, рече Царовска.

Секој пензионер има право на достоинствен живот и сите имаат право да уживаат во плодовите од тоа што го сработиле во животот. Кризата предизвикана од коронавирусот потврди дека она што им треба на пензионерите е услуга во заедниците во кои живеат.

„Го почнавме развојот на услуги на локално ниво како што се помош и нега во домашни услови, и тој процес мора да продолжи. Пензионерите на кои им е неопходна поддршка во секојдневните обврски и во справувањето со хроничните болести, со закон добија право на помош во домот. Ова е концептот на чија имплементација работиме, ги подготвуваме општините и давателите на услуги“, посочи Шкријељ, додавајќи дека сите заедно, почитувајќи ги мерките, ќе бидеме победници во битката со вирусот, по што нашите повозрасни граѓани повторно ќе можат да се дружат и активно да ги минуваат пензионерските денови.

Next Post

Шекеринска: Тоа што беше невозможно за ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години ние го направивме за само три

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Уапсени три жени за планирање на терористички напад во Париз

November 8, 2025
Фото: Фронтлајн

До вторник облачно време со дожд, потоа стабилно и суво

November 8, 2025
Фото: МИА

Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата, случајот со директорот на АПЗРР да се истражи докрај

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk