Министерката Нина Ангеловска во пост на Фејсбук го охрабри плаќањето со картички на ПОС терминали како побезбеден начин на купување наспроти готовинско плаќање кое може да е преносител на Ковид. Ангеловска, исто така, ги поттинкува оние трговци кои ќе сакаат да бидат дел од прометот со домашните картички да набават термнал.
Според податоците на Народната банка, околу 36% од фискализираните даночни обврзници имаат ПОС терминал односно прифаќаат плаќање со картички.
Домашната платежна картичка ќе придонесе и за промена на навиките и кај граѓаните и кај трговците и го забрза патот кон безготовинско и посовремено општество.
Сите малопродажни објекти кои сакаат да ги прифаќаат домашните платежни картички, преку кои 28 милиони евра ќе се влеат во стопанството преку граѓаните, верувам дека ќе постават ПОС терминали.
Воедно препорака од Комисијата за заразни болести во протоколите е да се преферира плаќање со картички наместо со готовина, која е преносител на КОВИД, напиша во пост на Фејсбук министерката Ангеловска.
А. Н. С.