ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Совет на амбасадори: Со претстaвувањето на предлог преговарачката рамка поблиску сме до датум за старт на преговорите

July 3, 2020 15:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на амбасадори“ денеска преку соопштение ја поздрави веста дека Европската комисија ја доставила до Советот на ЕУ предлог рамката за преговари на Република Северна Македонија со Унијата.

– Совет на амбасадори смета дека во време на искучително сложена пандемска ситуација прашањето за постапката за отпочнување на преговори на земјите од Западен Балкан и посебно за нашата земја е значајно за патот кон евроинтеграциите. Факт е дека од осамостојувањето па сé до денешните денови ние сме многу поблиску земјата конечно да добие и датум за отпочнување на преговарачкиот процес. Склучените договори со Бугарија и Грција се потврда дека кај нас во последните три години интензивно се работи на отворање на нова страница во меѓународните односи со што се унапредени меѓусоседстските односи, еден од клучните Копенхашки критериуми, наведуваат од Советот на амбасадори.

Советот на амбасадори, воедно, и во оваа прилика упатува благодарност до државните институции и лидери на Хрватска за вложените напори за поддршка на нашата земја при донесување на одлука за отворање на преговарачкиот процес со ЕУ за време на нејзиното претседавање со Унијата.

– Советот на амбасадори е убеден дека од овој момент заеднички во земјата ќе работиме и ќе ги заокружиме бараните реформи во понатамошен од кон Унијата и конечно за време на претседавањето на Германија да се оддржи и меѓувладината конференција и на крајот Република Северна Македонија да добие и датум за започнување на преговорите. Советот е исто така убеден дека земјата ги има направено потребните подготовки за успешно завршување на преговорите во најдобар очекуван можен рок со што успешно ќе го заокружи целиот процес на интегрирање во ЕУ. За успешно финализирање на овој процес Советот ги повикува граѓаните, политичките партии и идната влада безрезервно и со голема одговорност го дадат својот придонес во борбата против коронавирусот а особено во предизборниот процес успешно да реализираме слободни , демократски и фер избори, порачуваат од Советот на амбасадори.

Советот на Амбасадори изразува и жалење, што, как што велат, некои политички партии во нивните предизборни спотови и на моменти со груб и навредлив политчкиот жаргон се враќаат на веќе заборавени теми од минатото, наместо да нудат европски парспективи за граѓаните. Во овој контекст Советот смета дека ангажирањето на децата во политички настани е непримерен акт спротивен на меѓународните конвенции и како таков заслужува осуда, се наведува во соопштението.

Next Post

Во Берово и во услови на криза се зголемува побарувачката за работници

НАЈНОВО

Фото: МИА

Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

November 2, 2025

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk