ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Младите лекари вклучени во креирањето здравствени политики

Кога станува збор за примањата на здравствените работници, министерот потсети дека за 40 проценти се зголемени платите на лекарите специјалисти, од 20 до 23 проценти на медицинските сестри, покачување на платите на општите лекари до 25 отсто.

July 5, 2020 15:51
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со специјализантите и младите лекари  од Општата болница, Здравствениот дом, Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ и Специјалната болница за ортопедија и травматологија „Свети Еразмо“ од Охрид.

Средбата беше искористена за запознавање со мерките што се спроведуваат во рамки на Министерството, како и да се слушна предлози и мислења на лекарите во насока на унапредување на здравствениот систем.

-Младите здравствени работници активно се вклучени во креирањето на здравствените политики, затоа што само тие можат да кажат кои мерки и политики се најдобри за младите специјализанти, лекари, медицински сестри. Изминатиот период направивме многу за да ги мотивираме и да бидат задоволни од својата работа. Спроведовме низа активности. Со измените кои ги направивме во Законот за здравствена заштита, го сменивме времето што специјализантот треба да го одработи во установата по завршување на специјализацијата во траење еднакво на должината на траењето на специјализацијата, како и намалувањето на висината на средствата што треба да ги надомести специјализантот ако предвреме ја напушти установата, потенцираше министерот Филипче, истакнувајќи дека е напуштено времето на како што истакна „лихварски договори“.

Како што рече, за четиригодишниот период 2019-2022 одобрени се илјада специјализации и супспецијализации, како и платен труд за приватните специјализанти се платени за својот труд. Истовремено е дадена согласност за пет илјади вработувања во здравстввениот систем.

Според Филипче, направени се напори за соодветно  вреднување и мотивирање на младите лекари, се со цел да се почувствуваат дека се  дел од тимот, од системот.

-Отворивме можности секој млад здравствен работник својата иднина да ја гледа во јавното здравство. Сега, веднаш по добивањето на лиценца, вратите на младите им се отворени за работа со пациенти. Согласно измените во Законот за здравствена заштита тие треба да поминат на работа шест месеци во јавните установи во дејностите на итна медицинска помош, патронажна дејност и поливалентна патронажа“, рече министерот Филипче.

Кога станува збор за примањата на здравствените работници, министерот потсети дека за 40 проценти се зголемени платите на лекарите специјалисти, од 20 до 23 проценти на медицинските сестри, покачување на платите на општите лекари до 25 отсто.

-Со вистинските здравствени политики ќе продолжиме и во следниот период. Инвестирањето во младите е најважно, затоа што тие се иднината во јавното здравство. Продолжуваме со зголемувања во платите и надоместокот за дежурства, подобрување на условите во здравствените установи и набавување на најсовремена медицинска опрема, истакна Филипче.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Кампањата е на средина: СДСМ очекува победа

НАЈНОВО

Старт на тридневната меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“

October 8, 2025
Фото: Скриншот

Религија.мк: Владиката Петар во Москва служи литургија со Рускиот патријах Кирил – ќе се помоли за руската воена победа во Украина

October 8, 2025

Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

October 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Фронтлајн

    Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk