ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Во МАНУ промовирани четири капитални дела за македонскиот јазик, стигна честитка и од Пендаровски

МАНУ на 3 декември 2019 година усвои Повелба за македонскиот јазик во која ги изнесува научно признатите факти за македонскиот јазик, како и улогата на Академијата во проучувањето и афирмацијата на македонскиот јазик во домашни и во меѓународни рамки.

July 7, 2020 15:31
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Да се дадат вистински аргументирани и научни одговори за континуитетот и еволуцијата на македонскиот јазик и за неговото место во меѓународната славистика и лингвистика е целта на четирите капитални изданија за македонскиот јазик, кои денеска беа промовирани на платото пред Македонската академија на науките и уметностите.

Станува збор за дела кои на иницијатива на Македонската академија на науките и уметностите и со целосна поддршка и вклученост на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Советот за македонски јазик, излегоа деновиве од печат: „Македонскиот јазик – континуитет во простор и време“, колективна монографија во којашто е даден синтетски преглед на историскиот развој на македонскиот јазик од IX век па сè до неговата кодификација; „Погледи за македонскиот јазик“, меѓународен зборник на трудови во којшто над 40 странски и македонски лингвисти имаат свои прилози за различни аспекти на македонскиот јазик; „Македонска хрестоматија“, избор на позначајни македонски текстови од IX до XX век; и „Лингвистички атлас на македонските дијалекти (според материјалите на ОЛА)“ кој дава продлабочен увид во лексичкото богатство на македонските дијалекти.

Претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев истакна дека овие изданија и светската лингивистичка наука потврдуваат дека тн. спор, македонско – бугарски јазичен спор, всушност не е спор, туку апсурд.

-Зарем е можно  во 21 век да се оспоруваат основни човекови права. При прогласувањето на македонскиот јазик за вештачки  Бугарската академија на науки се потпира на две бесмислени тврдења, сличноста со бугарскиот јазик и политичкиот карактер на македонскиот јазик, вели Коцарев.

Според академик Катица Ќулавкова, самото објавување и подготовка на овие четири тома делумно е предизвикано од потребата да дадеме конкретен научен одговор на некои ставови кои отстапуваат од  научната вистина по однос на потеклото и развојот на  македонскиот јазик, а второ некои од нив на пример како лингвистичкиот атлас се производ на долгогодишна работа во рамки на меѓународните институции.

Проф. др. Марјан Марковиќ дописен член на МАНУ во обраќањето изрази уверување дека објавените научни факти за македонскиот јазик ќе ги прифати и политиката и политичарите и ќе ги имаат предвид при соочување со идните предизвици.

– Како што успеавме ние да се обединиме и да ги покажеме сите аргументи и научни факти поврзани со македонскиот јазик не само во рамките  на нашата земја, туку и во  меѓународните проучувања и добивме  потврда и од меѓународната научна средина, верувам дека  и политиката и политичките чинители ќе ги прифатат тие факти, ќе ги  ставаат секогаш пред себе во сите премрежја што не очекуваат  и во иднина, според кого моќта за адаптација на македонскиот јазик е токму клучот за неговиот долговековен континуитет.

Сите четири промовирани дела се поставени и во дигитална форма на главната страница на МАНУ.

МАНУ на 3 декември 2019 година усвои Повелба за македонскиот јазик во која ги изнесува научно признатите факти за македонскиот јазик, како и улогата на Академијата во проучувањето и афирмацијата на македонскиот јазик во домашни и во меѓународни рамки. Повелбата, како што соопшти МАНУ, ги зацврстува ставовите на Академијата за потребата од засилена и континуирана поддршка на научните истражувања на македонскиот јазик и македонските дијалекти, водејќи се од строго научни начела. Бугарската академија на науките на 11 декември, лани, излезе со став дека македонскиот јазик не постои и оти тој е „писмено-регионална норма“ на бугарскиот јазик.

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, неможејќи да присуствува на промовирањето на овие изданија, упати писмена честитка и ја поздрави работата на МАНУ за афирмација на македонскиот јазик.

Пендаровски пиша „Сакам да им честитам на МАНУ, на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и на Советот за македонски јазик за овој голем заеднички потфат со кој се изразува почит кон нивните основоположници и патрони. Четирите тома за македонскиот јазик излегуваат во јубилејната 75-та година од објавувањето на македонската азбука и македонскиот правопис со кои во 1945-та се заокружи процесот на кодификација на македонскиот стандарден јазик.“/МИА/ 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Словенија легализираше потпомогнато самоубиство

July 18, 2025

САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии

July 18, 2025

Филипче: Каја Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник за Скопје

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски втор ден молчи – дали поднел барање за бугарско државјанство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk