ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Идниот собраниски состав поскоро да се наврати на Законот за заштита од дискриминација, порачуваат од ЕПИ

July 8, 2020 13:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Идниот собраниски состав што е можно поскоро да се наврати на Законот за заштита од дискриминација кој беше укинат од страна на Уставниот суд, порачувааат од Институтот за европска политика, кој заедно со Хелсиншкиот комитет за човекови права и Министерството за надворешни работи денеска го презентираа извештајот на Европската агенција за фундаментални права во кој првпат е опфатена и земјава.

Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика, вели дека законот за заштита од дискиминација е закон којшто ни е потребен нам како држава.

– Ние никогаш законот за заштита од дискиминација не го гледаме само како барање од Европската унија. Од друга страна, тој е критериум на директивите на ЕУ. Значи, тој не е некое меко право, не е аспект на усогласување на одредени одредби со пракси, туку е потреба за да можете да исполните критеримумите во поглавјето 19, социјална политика и во поглавјето 23, појаснува Кацарска.

Според неа, државата стои доста добро со земјите-членки на Унијата во однос на усогласеноста со европското законодавство, но она на што ќе треба да се поработи и што останува како предизвик во следниот период е градењето на судската пракса и имплементацијата на неколку закони како што се законот за социјална заштита, инклузивните аспекти на Законот за основно образование и новите одредби за регулирање на говорот на омраза.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров изразува жалење што еден толку важен закон сега не е во сила, но вели политичката заложба ќе биде веднаш по конституирање на Собранието,  овој закон повторно да биде донесен.

– Холандија уште пред донесувањето на Законот за антидискриминација се интересираше за ова прашање и на еден од брифинзите пред неколку недели разговарав со холандскиот амбасадор, кој пак го упати прашањето. Нашиот одговор беше следен – изразивме жалење што еден толку важен закон сега не е во сила. Не можеме како МНР и како Влада баш експлицитно да ги толкуваме одлуките на Уставниот суд. Укажавме дека има правна заштита преку директна примена на Европската конвенција за човекови права  и на Инстанбулската конвенција, меѓутоа кажавме дека политичка заложба веднаш по конституирање на Собранието, ќе биде овој закон повторно да биде донесен, изјави Димитров.

Народниот правобранител како институција предлага комисијата која треба да биде формирана со овој закон да биде избрана на ист принцип како Комисијата за спречување на корупцијата.

– За законот којшто Уставниот суд го укина поради начинот на кој бил донесен, ние како институција се уште имаме забелешки и сметаме дека тој во однос на комисијата за заштита од дискриминација е многу слаб. Ставот на Народниот правобранител е дека оваа комисија треба да биде избрана на потранспарентен начин и од лица кои не се инволвирани во разни политички структури затоа што „рак рана“ во нашето општество е комисиите да ги формираме со кадри кои лесно потпаѓаат под влијание на разни политички структури, изјави народниот правобранител Иџет Мемети.

Извештајот на Европската агенција за фундаментални права беше објавен на 11 јуни годинава и покрај земјите членки на Унијата и Велика Британија, ги опфаќа и нашата држава и соседна Србија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Шахпаска повика да се гласа на 15 јули: Со почитување на протоколот, гласањето ќе биде безбедно

НАЈНОВО

Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025

По предлог на Васев пациентка на Онкологија примала експериментална терапија – ново сведочење на судењето за случајот „Онкологија“

October 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Фронтлајн

    Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk