ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Треба да се реши проблемот со контролните и рендген прегледи, мамографија и ЕХО

July 9, 2020 13:04
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Треба да се реши проблемот со добивањето здравствена услуга за пациентите со малигни болести во делот на контролните прегледи, рендген прегледи, мамографија, ЕХО, за што разговаравме, за начините на кои може тоа да се надмине во најбрз временски рок, а притоа да не биде дополнително загрозено здравјето на овие пациенти, имајќи предвид дека тоа се имунокомпромитирани пациенти и не треба да се мешаат со останатите пациенти во чекалните и во амбулантите.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче по неговиот работен состанок со претставници на Здружението за борба против рак „Борка – За секој нов ден“ во Градскиот парк. Тој истакна дека изминатиот период од повеќе од две и пол години имале многу успешна соработка, заради тоа што ги слушнале барањата на пациентите, предизвиците и проблемите со кои се соочуваат во целокупниот процес на добивање здравствена услуга од оваа сфера.

– Со една огромна инвестиција значајно се зголеми бројот на лекови и биолошка терапија над 30 молекули во последниве две години се достапни на нашите пациенти и нема ниту еден пациент кој сега, за разлика од порано, се упатува во странство за да ја прими оваа терапија. Не постои пациентка со карцином на дојка за која нема лекови што често беше случај претходно, има огромен број на нови лекови за пациентите со карцином на бели дробови, карцином на кожа, итн. Но, оваа криза со коронавирусот наметна и други предизвици со кои секојдневно се соочуваат овие пациенти и кои бараат и други модалитети за да се решат и во таа смисла почна дисперзијата на терапијата ширум центрите во државата. Засега тој систем функционира во болницата во Битола, почнува во Штип и треба да се имплементира во Тетово, а тоа значи дека во овие центри пациентите од овие региони ќе ја добиваат терапијата наместо да патуваат во Скопје, рече Филипче.

Тој се заблагодарам на Здружението „Борка“ за огромната и несебична поддршка во смисла на заедничка работа и идентификување на вистинските проблеми на пациентите на терен, и со една огромна доза на енергија што ја даваат и во делот на психолошката поддршка преку споделување на искуствата со новодијагностицираните пациенти со малигни болести. – Верувам дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму, додаде Филипче.

Претседателот на Здружението за борба против рак „Борка – За секој нов ден“, Биба Додева рече дека за жал пандемијата, како и секаде така и кај нас, особено на овие пациенти им предизвика неколку проблеми.

– Прво тоа беше огромниот страв кај нив што се појави за достапноста на нивната терапија, дали ќе ја добијат навреме, дали ќе бидат оставени. Во многу брз рок тоа се реши и досега нема прекин на терапијата што е за вакви услови голем плус. Ние сме задоволни, затоа што тоа е еден од големите стресови кога секој пациент се наоѓа во таква ситуација. На почеток тоа беше прво и основно прашање на секој пациент, истакна Додева.

Таа потенцира дека дека тоа што го увиделе во текот на овие неколку месеци, а на средбата го спомнал и министерот, е дека може да се дисперзира терапијата за пациентите со малигни болести, особено таблетарната терапија, и дури и супкутаната терапија.

– Не само во центрите, туку заедно со помош на Клиниката за онкологија и Црвениот крст се дистрибуира таблетарната терапија до секое место во државата. Значи, се носи лично на пациентите и тоа не научи дека можеме на поинаков начин да функционираме и ќе сакаме да изнајдеме решение тоа да биде и практика, да стане дел од програмата таквото децентрализирано добивање на терапијата, посочи Додева.

Таа рече дека за жал проблем е одложувањето на контролните прегледи на овие пациенти и следењето на терапијата.

– Денеска имавме навистина продуктивен состанок. Дојдовме до едно решение. Се надевам дека тој проблем наскоро ќе треба да се реши, бидејќи овие пациенти не смеат да имаат поголем период од три до четири месеци прекин на контролата, рече Додева

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

July 25, 2025
Скриншот

Хоророт „Заедно“ се соочува со тужба за авторски права

July 25, 2025
Димитар Николовски

Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

July 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Поранешниот украински врховен командант Залужни предупредува дека војната со Русија може да трае до 2034 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам за домашна употреба: Резолуцијата што ѝ штети на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Фокусот е во Брисел, не во Софија – резолуцијата е за рејтинг, не за решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нејмар се враќа во Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk