ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски ја прими Анке Гизела Холштајн новата амбасадорка на СР Германија

July 9, 2020 16:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новата амбасадорка на Германија во државава Анке Гизела Холштајн денеска на првата средба со премиерот Оливер Спасовски потенцирала дека СР Германија го презема претседавањето со ЕУ во исклучително кризен период заради пандемијата со КОВИД-19. Таа дополнила дека врвниот приоритет во претстојниот период е со победата над вирусот Европа да биде повторно силна и дека тоа ќе го направат заедно со сите земји членки на ЕУ и нејзините партнери,  како и дека меѓу приоритетите на германското претседавање со ЕУ влегува и заложбата за одржување на првата меѓувладина конференција за старт за почеток на преговорите со Северна Македонија за членство во ЕУ, соопшти владината прес-служба.

На средбата станало збор и за организацијата на изборите за пратеници во Собранието, при што премиерот Спасовски истакнал дека изборите на 15 јули ќе бидат успешно спроведени, како што доликува на земја членка на НАТО и земја што наскоро ќе започне преговори за членство во ЕУ, за што гаранција се и успешно спроведените локални избори во 2017, претседателските во 2019 и референдумот во 2018 година.

Спасовски и честитал на Холштајн за започнувањето на нејзиниот дипломатски мандат во нашата земја.

Ја истакнал одличната соработка со претходниот амбасадор Томас Герберих, и изразил уверување дека и со новата амбасадорка ќе продолжи продлабочувањето на односите и зајакнување на соработката меѓу Северна Македонија и СР Германија. Во разговорот со амбасадорката Холштајн било изразено големото взаемно задоволство од исклучително добрите билатерални односи, од интензивниот и динамичен дијалог, што кулминираше со посетата на Канцеларката Меркел на нашата земја во септември 2018 година.

-Премиерот Спасовски на средбата ја нагласи пријателската улога на СР Германија за поддршката за нашата земја за остварувањето на членството во НАТО и за поддршката во процесот на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и изрази задоволство од очекувањето дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи во втората половина на 2020 година, за време на германското претседателство со ЕУ, за што стигна охрабрување и од канцеларката Меркел дека тоа е и една од целите на СР Германија за време на претседавањето со Европскиот Совет, информираат од Владата.

Двете земји, стои во соопштението, имаат одлична соработка во различни сфери, при што се издвојува економијата заради фактот што СР Германија е наш прв трговски партнер со над четири милијарди евра трговска размена минатата година и земја од која доаѓаат најголемиот број и најзначајните инвеститори.

Next Post

Екстремистите во Велика Британија ја користат пандемијатата за ширење на теории за заговор

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk