ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангеловска: Ковид-19 ја забрзува транзицијата кон безготовинско општество

July 10, 2020 10:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Зголемување на бројот на општини кои ќе воведат ПОС терминал, зголемување на бројот на услуги кои може да се плаќаат со картичка и стимулирање на безготовинските плаќања со вградување на провизијата на трансакција во цената на услугата. Ова, како што соопштуваат од Министерството за финансии, се препораките врз основа на анализата која Министерството за финансии ја направило за безготовинско плаќање и ја доставило до Влада, пишува министерката за финансии Нина Ангеловска на нејзиниот фејсбук профил. Како што наведува Ангеловска од 66 општини од спроведената анализа 41 имаат ПОС терминали.

– COVID-19 нуди можност за побрза транзиција од кога било кон безготовинско општество која треба да ја искористиме. За да ја искористиме можноста сите треба да го дадат својот придонес – Владата, банките, граѓаните, компаниите, стопанските комори. Вклучително и општините – за подобри и поквалитетни услуги за граѓаните. Покрај другите бројни активности кон безготовинско општество во Министерство за финансии направивме и мапирање на состојбата во општините и можностите за плаќање со картичка на нивните услуги кои ги даваат на граѓаните. Вака стои состојбата: од 66 општини кои одговорија 41 имаат ПОС терминал за плаќање со картички. На месечно ниво, вкупно во сите општини се реализираат околу 6.000 плаќања на општински услуги преку ПОС терминалите (173 по општина). Општини со најмногу трансакции и промет на ПОС терминали се општина Штип и општина Прилеп (кои прават над 40 отсто од вкупниот реализиран промет од јануари 2019 до мај 2020, пишува Ангеловска.

Таа посочува дека врз основа на таа анализа биле дадени и усвоени препораки кон Министерство за локална самоуправа и Заедница на единиците на локалната самоуправа и општините – да дадат придонес кон зголемување на бројот на општини кои ќе воведат ПОС терминал, зголемување на бројот на услуги кои може да се плаќаат со картичка и стимулирање на безготовинските плаќања со вградување на провизијата на трансакција во цената на услугата.

-Дополнително меѓу активностите кои ги работевме во изминатиот период во насока на стимулирање на безготовинско општество предлагаме и годишен натпревар помѓеу општините – иницијатива за наградување на општината која ќе биде лидер во безготовински плаќања со грант средства за капитален проект кој им е најпотребен на граѓаните – за подобра средина, подобар и повалитетен живот, пишува Ангеловска.

Next Post

СДСМ: За што се советуваше Силјановска Давкова вчера со Михајло Маневски?

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk