ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МОФ: Голем дел од професорите воопшто не се ни запознаени како да работат со дигиталните платформи за предавање

July 11, 2020 11:23
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Младински образовен форум со ученици од девет училишта од пет града реализираше анализа за нивните искуства од  далечинското учење со цел креирање на конкретни препораки и подобрување на системот на далечинско учење кој за прв пат се имплементираше во нашиот образовен систем.

Учесниците на фокус-групите зборувале за генералното искуство со концептот на далечинско учење,
спроведувањето на наставата, комуникацијата со наставниците, како и за начинот на оценување на
нивните знаења. Учениците потенцирале за невоедначеното предавање на наставните содржини,
потешката комуникација со професорите, недостатокот на учебни материјали, но и нефер
оценувањето и просторот за препишување и мамење на тестовите.

– Недостаток на образовниот систем е тоа што голем дел од професорите воопшто не се ни
запознаени како да работат со дигиталните платформи за предавање. Во фокус-групите,
средношколците споделуваа дека за нивните професори било тешко да ги закажуваат онлајн
средбите и дека нивната неподготвеност за работа со технологија сериозно влијаела на онлајн
наставата. – „Tребаше да се вклучат повеќе“; „Професорите не се залагаа. Ние им велевме на
немотивираните професори дека ќе организираме ЗУМ средба, а тие треба само да се вклучат.“
– вели еден од учесниците на фокус групите, велат од МОФ.

Оттаму посочуваат дека загрижува тоа што начинот на спроведување на далечинското учење не успеа да обезбеди еднакво образование за сите ученици – имплементацијата се разликува од училиште во училиште, па дури и помеѓу професорите во исто училиште „Кај нас секој професор имаше своја дефиниција за далечинско учење. Немаше унифицираност. Само еден професор се трудеше и другите професори го исмејуваа“ – споделувал еден од учесниците на фокус-групата.

– Во текот на далечинското учење, единствен помагател на учениците беа учебниците кои веќе ги
имаа на располагање – „Книгите не ми помагаа многу, ми требаше некој да објасни. Многу
натежнуваа професорите да се користиме со интернетот, иако треба да се користат и
книгите.“ – Иако учебниците во нашиот образовен систем се бесплатни и достапни за сите ученици,
во услови на дигитално образование, материјалите за учење не беше лесно да стигнат до сите,
учесниците споделија и дека дел од нивните соученици не можеле да стигнат до учебните
материјали, се наведува во анализата на МОФ.

Од МОФ истакнуваат дека преминот од офлајн во онлајн просторот го отежнува процесот на изведување на настава за сите учесници во процесот (ученици, професори и надлежни институции) и ги изнесува на виделина веќе постоечките проблеми со образовниот систем на државата како недостаток на дигитализација и технолошка неподготвеност на наставниот кадар.

– Пред сè, мора да се води сметка за инклузивноста на образовниот процес, градење на капацитетите на професорите за работа на дигитални платформи и виртуелна работа со ученици, решавање на проблемот со недостаток на компјутерска опрема во семејствата со повеќе ученици, но и креирање на конкретен план и програма за компетенции кои целиме да ги изградиме и развиеме кај учениците во оваа
академска година.

Изминатите месеци, велат од МОФ, училиштата беа оставени сами на себе при изведбата на наставата, изнаоѓајќи различни начини кои не секогаш беа функционални и ефективни во смисла на квалитетно
предавање на наставниот материјал.

– Оттука, токму и поради недостатокот на унифициран пристап и јасни насоки дадени од надлежните институции, учениците беа изложени на настава со низок квалитет, лоша двонасочна комуникација професор-ученик, но и соочени со необјективно и нефер оценување. Истражувањата на Светска банка велат дека во „нормални услови“, 11 години во нашиот образовен систем се еднакви на 7 години стекнато знање – можеме само да замислиме колкави штети и последици ќе остави на денешните ученици и студенти бавното придвижување кон далечинското образование и дигитализацијата, се вели во анализата на МОФ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Извештај на ЕК: Економскиот раст на Западен Балкан значително забави во првиот квартал од 2025 година, економијата на Србија најмногу успори во регионот

July 26, 2025

Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

July 26, 2025
Скриншот

Норис ја обезбеди пол-позицијата на белгиското Гран при

July 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сеизмолошките станици низ државава пред затворање, Опсерваторијата нема опрема и кадар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Фокусот е во Брисел, не во Софија – резолуцијата е за рејтинг, не за решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Притвор за тетовец осомничен за посредување при вршење проституција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран: Најмалку осум лица загинаа во нападот на судска зграда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk