ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ќе одам до крај

July 13, 2020 11:39
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Ако погледнам наназад само две-три години, не мора повеќе, ќе видам една богата галерија ликови што се опседнати со тоа како да ми наштетат, да ми го одвлечат вниманието, да ме навредат, наклеветат. И не бираат зборови за да ги поткрепат своите ноторни лаги. Отворено повикуваат на насилство против мене и на мое убиство. Сум слушнал дека сум главна тема во некои од нивните кафански муабети.

Не е било каква таа галерија ликови. Не сум нешто многу заинтересиран, а не сум ни ултра активен на социјалните мрежи, така што не можам да ги набројам сите. Поголем дел од нивните смрдливи петарди против мене ги забележувам дури откако еден дел од тие напади ќе се најде на медиумите во кои сум одговорно лице.

Еден од најсмешните ликови во таа галерија е поранешен припадник на безбедносните структури, фан на Путин, газда на минорна и микроскопски мала проруска партија, помала од маалска пиљара. Тој своевремено излезе на прес конференција да „открие“ дека еден од извештаите од изборниот мониторинг не сум го пишувал јас, туку германската безбедносна служба БНД. Еден десничар тогаш искрено ме праша колку пари сум му дал за таа реклама.

Тука ми е важно да кажам дека никогаш не сум дал ни еден денар за реклама, ниту на партија, ниту на медиуми за да ме „фалат“. Најголемата бесплатна реклама ми ја прави ТВ Алфа. Цели програмски блокови полнат со мене. Се бават со мене од главната уредничка (ѝ го заборавив името), преку не знам каквиот уредник Момироски, до новинарски екипи. Инаку, тоа е телевизијата во која се слеале милионски суми во 2018 година за да водат црна кампања против Преспанскиот договор. За текст поврзан со овој скандалозен, лично мислам и криминален проект, добив и „пресуда“ од Советот за етика во медиумите (СЕММ), дека сум го прекршил Кодексот на новинарите. Текстот беше компилација од неколку претходно објавени текстови од различни автори, инаку.

Неколку недели подоцна, Васко Ефтов, пред камерите на сопствената продукција, призна дека, како директор на телевизијата во 2018 година, ја водел кампањата и со тоа, како што (смешно) верува, „го осуетил“ Референдумот. Тоа е онаа емисија во разговор со она библиотекарчето што се чини дека ни „Зоки Поки“ не ја прочитал. Инаку, Ефтов направи цела емисија и за мене, па тврдеше дека сум еден од главните актери во борбата за „детронизација на Груевски“ (така кажа), после што и за него ме прашаа дали сум му платил за тоа.

Во галеријата, на истакнато место е и еден министер, послушник на Мицкоски, кој ретко оди на седници на владата, туку само се слика и прави опструкции во служба на својата партија, а против јавното здравје и демократијата. Да, тој што доби прекар поврзан со одразот на светлината. Инаку, и тој се закити со „победа“ против мене во „спор“ пред СЕММ…

Поранешен претседател на Кривичниот суд, судија-милионер, а сега и притвореник, се опседнал со мене. Се буди и заспива со мислата за мене, кутриот. Што да му правам?

Едно навидум кутро човече, кое испадна дека е префриган и алчен манипулант и национал-социјалист, чија единствена „идеологија“ е борба за пари и барем малку моќ, им заби нож в грб на своите другарки и другари, ја гради својата јавна функција преку напади врз мене, практично секојдневно. Некогаш директно, некогаш преку своите тапоглави следбеници и платеници. Форите му се глупави, несмасно уличарски (ни за улица не го бива), но секако примитивни. Тој злоупотреби цела една партија, ја претвори во приватен клуб и присвои, според кажувањата на неговите довчерашни сопартијци, 300.000 евра. Во име на партијата, ме тужеше за навреда и клевета. Во завршните зборови во судницата, со плачлив и треперлив глас, со наведната глава меѓу тесните раменици, со ретката коса падната преку лицето, на судијката ѝ „откри“ дека јас сум ѝ нанел огромна штета на неговата партија и со моето пишување сум предизвикал раскол и распад на партијата. Да пукне човек од смеа. Не сум му потребен јас, самиот ја уништи партијата.

За искажано мислење, откако претходно побарав одговори од Генералштабот кои ги објавив, сега ме тужи и цел еден генерал, инаку аѓутант на поранешниот претседател-марионета (на Груевски), човек кој, за време на режимот, имаше „ѕвездена кариера“ во нашата Армија. И за него добив „пресуда“ од СЕММ во негова корист. Сега ме тужи за навреда и клевета. Да седнам да напишам сѐ што (ми) е познато за него (немам време), дури тогаш ќе покрене оклопна дивизија против мене. Вака, се ограничува на спорадични истрели против мене на социјалните мрежи, се разбира, со навреди и клевети кои за некои се невидливи. Мене и не ме допираат, искрено.

Високите партиски функционери на „најголемата партија“ се најинтересни. Освен што и самите се впуштаат во пишување постови на Фејсбук и Твитер против мене, можам лесно да го забележам нивниот ракопис и зад десетици тролови и ботови, безимени кукавици и тапоглавци.

Директори на сериозни државни институции и агенции, квази новинари и квази интелектуалци (и универзитетски професори), криминалци со досие на измамници (козари), радикални националисти, луѓе без образ, плитки во умовите, длабоки во џебовите, инсталирани по разни ќошиња на системот, сите заедно – од уста не ме вадат. Долга е листата на луѓе, меѓу кои голем дел се платени од наши, граѓански пари, не престануваат со оцрнување и навреди, подло лажат, злобно, неморално и грдо, и се впуштаат во омраза и повици за ликвидација. Ситни, грди и злобни души, исплашени отпадоци…

Ме нарекуваат фашист, балист, шиптар, наркоман, дилер, пијаница, предавник, шпион, платеник (што уште не). А кого нарекуваат така? Еве: антифашист, космополит (со мешано потекло – Албанец, Турчин, Хрват…), антинационалист до коска, активист за човекови права и зелени вредности, некој што воопшто не пие и не се дрогира, ја сака својата земја и се грижи за нејзината добробит… Океј, признавам, многу пушам и пијам многу кафиња и кока-кола секој ден, нередовно се хранам (освен благо и сладолед), имам бурно минато (исполнето со лични трагедии)… Панк-рокот и дарк вејвот се мои омилени музички правци… И тоа е грев можеби. И атеист сум… Бу-хууу!

Најчесто, на нивните напади, на сите тие функционери, генерали, министри, фолиранти, квази интелектуалци и пропагандисти, јас само се насмевнувам и продолжувам со мојот живот и со мојата работа. Во такви прилики, ми текнува една стара маалска – „пукни како жаба“ и уште повеќе се смеам. И не ги ни мразам. Јас ги сакам луѓето.

Со нападот врз мене, се надеваат дека нивното име ќе стане поважно, дека ќе се стекнат со популарност, дека ќе бидат видени. Им успева кај наивните, а такви, за жал, и не се малку. Но, тоа е животот. Немам причина да се жалам, но уште помалку гледам причина да отстапам, да се повлечам или да се предадам. Јас сум дел од нешто поголемо од еден обичен човечки живот. И кога ќе ме нема, идеите за кои се борам и земјата (Северна Македонија) за чија добробит се залагам, ќе останат и ќе растат. И ќе победат.

Да им се одзема времето и вниманието на „непријателите“, да се тролаат и постојано да се туркаат во дефанзива – да не напаѓаат, туку постојано да се бранат… така дејствуваат криминалните умови во политичкиот „бизнис“. Јас не се сметам за непријател на ниеден од нив. Решителен противник сум на тоа што тие го претставуваат и до последниот здив ќе се борам тие да се соочат со одговорноста за сите нивни мрачни и злосторнички постапки. Во тоа не мора да се сомневаат. Можат дури и да ги реализираат своите мрачни закани, но тоа може само илјадакратно да им се врати по нивните глави, ништо повеќе.

До врвовите на човечноста не води автопат. Тоа е тесна патека, стрмна и трнлива, неизвесна… Секој што стапнал на оваа патека, од првиот чекор, знае дека не е едноставно, не е лесно, па ни безбедно да се оди по неа. По неа не може да се оди во толпа, туку еден по еден. И не секој издржува. Но некои луѓе се, едноставно, создадени за таков терен. Од досегашното искуство, ми се чини дека сум еден од нив. Чест ми е што чекорам по таа патека. Ќе одам до крај.

 

ПС. Ова е личен став и вредносен суд на авторот на овие редови.

 


Сите права се задржани.  

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk