ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Група милионери бараат „трајно и веднаш“ да им се зголемат даноците поради корона-кризата

„За разлика од десетици милиони луѓе ширум светот, ние не треба да се грижиме дали ќе ја изгубиме работата, нашите домови или нашата способност да ги помагаме нашите семејства. Ние не се бориме во првите редови на оваа вонредна состојба и е многу поверојатно дека нема да бидеме нејзини жртви“, сметаат богатите.

July 13, 2020 16:46
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Група од 83 милионери, во отворено писмо до националните влади денеска побараа воведување „веднаш и трајно“ поголеми даноци за најбогатите, со цел да се придонесе за опоравување на економиите по кризата предизвикана со пандемијата на коронавирус.

„Додека Ковид-19 го погодува светот, милионерите како нас имаат суштинска улога во излекувањето на светот“, се наведува во писмото на групата која се нарекува „Милионери за човештвото“, а во која, меѓу другите се и основачот на американската компанија за производство на сладоледи „Бен енд Џерис“ Џери Гринфилд. Абигејл Дизни и британскиот режисер Ричард Кертис.

Во писмото, објавено непосредно пред состанокот на министрите за финансии во Г20 и вонредниот европски самит, се повикуваат „владите да ги зголемат даноците за луѓето како нас веднаш и трајно“.

„Ние не сме оние што се грижат за болните во единиците за интензивна нега. Ние не возиме амбулантни возила што ги носат пациентите во болница. Ние не сме тие што ги пополнуваат полиците со намирници или доставуваат храна од врата до врата”.стои на веб-страницата на групата Милионери за човештвото“ (Millionaires for Humanity).

„Многу им должиме на луѓето што работат во првите редови на оваа глобална битка. Повеќето суштински работници не се платени доволно за товарот што го носат. Јуришниците на оваа борба се нашите здравствени работници, од кои 70 проценти се жени. Тие секојдневно се соочуваат со смртоносниот вирус на работа, а истовремено ја сносат поголемата одговорност за неплатена работа во своите домови. Ризиците што овие храбри луѓе доброволно ги прифаќаат секој ден со цел да се грижат за остатокот од нас, бараат од нас да воспоставиме нова, вистинска обврска едни кон други и за она што навистина е важно. Нашата поврзаност никогаш не била појасна. Ние мора да го ребалансираме нашиот свет пред да биде предоцна. Нема да има друга шанса да го направиме ова на вистинскиот начин“, се наведува во писмото на милионерите

„За разлика од десетици милиони луѓе ширум светот, ние не треба да се грижиме дали ќе ја изгубиме работата, нашите домови или нашата способност да ги помагаме нашите семејства. Ние не се бориме во првите редови на оваа вонредна состојба и е многу поверојатно дека нема да бидеме нејзини жртви“, сметаат богатите.

„Затоа, ве моламе. Оданочете нè. Оданочете нè. Оданочете нè. Тоа е вистинскиот избор. Тоа е единствениот избор. Човештвото е поважно од нашите пари“, порачаа 83 милионери од САД, Велика Британија, Канада и други земји.

Тие истакнуваат дека парите сега, а и во следните години ќе бидат многу потребни за опоравување од кризата, чии последици ќе траат со децении и кои би можеле да турнат половина милијарда луѓе во сиромаштија. Милионерите велат дека проблемите предизвикани од Ковид-19 не можат да се решат со донации или добротворни прилози, туку владите мора да преземат одговорност за собирање на потребните средства и нивно праведно трошење, а со цел адекватно финансирање на здравствените системи, училиштата и безбедноста.

Милијардерите како Ворен Бафет и Бил Гејст со години бараат зголемување на даноците за најбогатите./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје бара лидерство: СДСМ со визија, ВМРО со калкулации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk