По одлуката на Судот во Велес за притвор за поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски, кој е обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, скопската полиција во три наврати не го пронашла обвинетиот на неговата адреса, соопштија од МВР на денешната прес конференција, објаснувајќи дека за ова ситуација е информиран и СВР Велес.
– За наведенoто лице е распишана потерница. Моментно се вршат и оперативни проверки за да се утврди дали лицето официјално ја напуштило државата, изјавија од МВР.
Судот во Велес во петокот му одреди притвор на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, заради не присуство во рочиште за предметот АКМИС. На ова рочиште, исто така, не бил присутен ниту неговиот бранител.