Изборите се завршена работа вели градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, за Бугарската агенција БГНЕС и додава дека апсолутно е нормално да се постави прашањето за промена на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Јанчев истакнува дека сега е време кога треба да се мисли на иднината на партијата и на нејзино поставување на цврсти нозе.
„Дојде време за ова прашање. Ова се последните изгубени избори, четврти по ред – загуби на локалните избори, го загуби референдумот, претседателските и сега парламентарните избори“, вели Митко Јанчев за БГНЕС.
„Мора да има приземјување на лидерството, вклучително и промена. Ова се нештата. Нема ништо друго“, вели Јанчев.
„Нашата партија падна од 470.000 на 320-340.000. Дури и околу 300.000. Оваа бројка само по себе докажува дека нешто не е во ред“, изјавил Јанчев.
Јанчев за бугарската агенција нагласува дека ќе се придружи кон промената на раководството на ВМРО-ДПМНЕ
„О, да, ќе се придружам!“, категорично потенцира Јанчев
– Останувам на ставот дека тој треба да си даде оставка бидејќи досега не покажа дека може да се носи со функцијата и со довербата која му беше дадена, како што доликува на еден лидер. Тимот кој што губи треба да се менува, така функционира целиот свет. Да се почне од врвот и да се оди надоле, да се направи едно генерално филтрирање на сето она кое не е во ред и поради кое се изгубија стотина илјади гласови. А за тоа дека нешто не е во ред, и без јас да го посочам истото, бројките зборуваат. Народот кажува со самото тоа што довербата на парламентарните избори решил да ја даде на друга опција
Крајно време е, по вчерашните резултати, лидерот Христијан Мицкоски да ја согледа фактичката состојба и достоинствено да се повлече од функцијата – изјавил во телефонски разговор за „Фокус” Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци.
Ј. Ѓ.