ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Леви или фашисти – од црно поцрно, зад маската на црвеното

По овие избори, политичката палета на македонскиот парламент се збогати со уште една нијанса на црното. Од црно поцрно, зад маската на црвеното. Тоа е партијата која за кратко време по своето формирање, се претвори во сушта спротивност на своето име – Левица.

July 17, 2020 15:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Деновиве, на ФБ страницата Криминалите на ВМРО-ДПМНЕ се појави видео со еден од најкрволочните говори што сум ги слушнал во современата историја. „Крв треба прска на сите страни, глави по улиците да се тркалаат. За доброто на татковината, треба да испосечеме неколку глави…“ Тие зборови ги изговара Апасиев на некој настан, додека зад него е истакнато знаме на ЕУ. И тоа не е единствен инцидент со овој контроверзен и проблематичен лик. Деновиве тој напиша и „Сите ќе ве стреламе“. Своевремено, излегоа толкувања на логото на самата партија, дека е петокрака во чие средиште е тупаница од која излегува стилизиран нож. Ако е така, дали се работи за партија на кољачи? Ако се суди по настапите на „левичарот“ во јавноста и на социјалните мрежи, нема зошто да не помислиме така.

Десничарскиот екстремизам, антисемитизмот, ултранационализмот, милитаризмот и неофашистичките идеи одамна ги гледаме како лебдат во пленарната сала на македонскиот парламент. Често се само невешто скриени зад конзервативни, демохристијански флоскули од една страна и заложбите за права и еднаквост на етничките заедници на другата страна од етничките бариери. Во принцип се исти. И токму таму е „истоста“, а не во она што некои, од крајно проблематични и деструктивни позиции, со години работат на релативизирање борба против демократијата.

Тие две, само навидум, спротивставени групации се единствени во потрагата по своите мрачни цели – жед за пари и моќ, преку сеење страв и поделби. По овие избори, политичката палета на македонскиот парламент се збогати со уште една нијанса на црното. Од црно поцрно, зад маската на црвеното. Тоа е партијата која за кратко време по своето формирање, се претвори во сушта спротивност на своето име – Левица.

Со секој ден и со секоја нова постапка или порака на социјалните мрежи, нивниот прв човек сѐ повеќе наликува на вредно учениче на своевидна комбинација од фашизмот и сталинизмот. Притоа, се служи со груб, недоквакан и вулгарен јазик, во кој нема ни малку стил. Еден јазик на улицата кој нема допирни точки со тоа што може да го подразбира една позиција каква што е професор на факултет, па нека е тоа и неугледна фигура каква што е Апасиев.

На панел дискусијата на ЦИВИЛ, ден по изборите, Сашо Орданоски со само неколку зборови повлече една бравурозна паралела: „Кога ќе го видите слоганот на Левица, а тоа е Државата за народот, тоа се практично идеолошки компоненти кои немаат врска со левицата. Имаат врска, напротив, со десницата. И тоа тврда десница. А заради настапите на нивниот лидер би се рекло и една радикална десница.“

А сѐ започна наивно. Се формираа неколку иницијативи и невладини организации со левичарски идеи и заложби за социјална правда. Работничките права им беа приоритет. Некои од нив, како Солидарност, добија финансиска помош од програмите на познати странски донатори, меѓу кои и Програмата Цивика Мобилитас на Швајцарската агенција за развој и соработка. Како НВО и подоцна, како партија, имаа финансиска поддршка и од други, помалку познати донатори, односно фондации со левичарска, социјалистичка политичка ориентација, како Улоф Палме, Роза Луксембург и други.

Левичарските групи, своевремено, брзо стекнаа симпатии од голем број луѓе што ги познавам, а ги имаа и моите симпатии и поддршка. Така беше сѐ до моментот кога сфатив дека моите другари беа во право кога ме убедуваа дека се работи за инсталација која нема врска со своето име и лажно декларирани цели, туку со мрачните полициско-шпионски подземја.

Тоа почна да станува очигледно уште за време на Шарената револуција, а уште повеќе по изборите во 2016 година. Како десничарска и радикално националистичка банда во целост се профилираа веќе во 2018 година. И тука беше сосема очигледниот крај на тоа што некогаш беше промовирано како Левица… Ги следат и гласишта дека пререгистрацијата на партијата (законска обврска на сите партии) е овозможена, барем делумно, со потписи на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, налик на една друга партија што официјално беше во коалиција со Груевски…

Оттогаш, па наваму, гледаме како таа структура се „прочистуваше“ од искрените левичари и сѐ повеќе ја откриваше својата екстремна десничарска ориентација, проткаена со ултранационализам и неофашистички имиџ. Малите мусолинчиња со црните маици и кошулчиња, се растрчаа наоколу, вееја црвени бајраци на 1 Мај, пишуваа слогани, учествуваа во Шарената револуција, учеа (разузнаваа), внесуваа раздор, врбуваа активисти. Групата собрана околу Апасиев, го привлече вниманието и симпатиите од различни слоеви и граѓанско-политички групации кои можеби немаат никаква врска со фашизмот, но ги привлекуваа левичарските флоскули на неугледното професорче-политичарче. Па така, станаа колку-толку видливи и влијателни. Не којзнае колку, но доволно за да се задоволат личните апетити на лидерчето.

За да пораснат, но и за да наштетат, „левичарите“ ја искористија и демократската структура на Шарената револуција за да ја разјадуваат од внатре, а учеството во револуцијата им помогна да добијат и нешто гласови на изборите во 2016 година. Тоа не беше доволно да влезат во парламент, но сосема доволно да добијат 300.000 евра од државниот буџет (за три години), пари на граѓанките и граѓаните, за да продолжат да растат. Растењето беше проследено со безмилосна чистка во редовите на партијата. Во сталинистички стил, како што дознаваме од луѓето кои ја формираа партијата, а кои сега се далеку од неа. Од сите основачи на Левица во 2015 година, денес остана само еден – фашистот Апасиев.

Го нарекувам фашист, бидејќи неговата трансформација е налик на онаа на Бенито Мусолини кој на почетокот на својата кариера бил социјалист и новинар во социјалистичкиот весник Avanti! (Напред!). Оваа споредба е безмалку несмасна, бидејќи овде зборуваме за микроскопска, карикатурална и вулгарна верзија на Мусолини. Не дека и самиот Мусолини не е гротескна, колку што е и мрачна историска фигура, но овде се работи за една безмалку маалска карикатура од политички „деец“. Со неговиот продор во парламентот, тој веќе станува симптом на нешто крајно грдо во оваа поделена земја и заслужува малку повеќе внимание отколку што му придавав(ме) до неодамна.

Но, во секое зло има и добро. Нека се формира парламентот, ќе ви кажам и зошто го реков тоа на крајот на оваа белешка за скромниот, но секако загрижувачки подем на фашизмот во Република Северна Македонија.

 

П.С. Партијата на Апасиев веќе еднаш ме тужеше за јавно изречен личен став и вредносен суд за дејствувањето на овој политички ентитет, па така верувам дека ќе биде и по овој текст, но чувствувам должност кон јавноста да ги изнесам своите лични ставови и сознанија. Нема да ме зачуди и ако се интензивираат заканите и другите подземни постапки на оваа групација и нивната постара и многу поголема сестра. Но, ќе издржам, бидејќи се согласувам со Тувиа Биелски во филмот „Пркос“ (Defiance, 2008): „Секој ден на слободата е акт на верба“.

 


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk