Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, преку Фејсбук статус реагираше на соопштението на дополнителната заменик министерка, Невенка Стаменковска – Стојковска.
„Обвинувањата на Невенка Стаменковска Стојковски, се неосновани. Во МИОА беа преземени и се преземаат сите мерки на заштита на вработените и се следат сите протоколи за работа. Но, за ова Невенка да го знае требаше да доаѓа на работа што во најголем дел од времето не беше случај“, напиша Манчевски.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ и по избори продолжува со истата реторика и користење на пандемијата од Ковид-19 за промоција, собирање поени и ширење паника.