Мицкоски уште не ја соопшти својата одлука за наводно повлекување од челната позиција на ВМРО-ДПМНЕ, а вече започна организирана поддршка за него.
„Дајте насока да се дава поддршка на претседателот Мицкоски на Фејсбук, Твитер…“ – гласи една порака што е испратена доцна вечерва, по што е започната „спонтана“ онлајн акцијата за спас на функцијата на Мицкоски.
Како што дознава Фронтлајн од партиски извори, Мицкоски започна акција за спас на својата функција. Според планот, тој ќе понуди оставка, но „партијата и народот“ наводно ќе бидат против неговата оставка, па тој ќе го послуша тој глас.
„Ти ќе водиш, ние ќе те следиме“ се вели во едена од објавите.
Откако овој план беше откриен и објавен, се смени редоследот по кој требаше да одвиваат фазите на планот за спас на Мицкоски.
Д. Е.