Пожарот што утринава избувна во готската катедрала во францускиот град Нант е ставен под контрола, соопштија официјални лица.
Un incendie est en cours à la Cathédrale de Nantes
Les pompiers tentent de maîtriser les flammes ⤵ pic.twitter.com/wgSEdDOioX
— BFMTV (@BFMTV) July 18, 2020
Според нив, штетата не е споредлива со минатогодишниот пожар во катедралата Нотр-Дам во Париз.
– Штета е направена на оргулата што се чини дека е целосно уништена. Платформата е многу нестабилна и може да пропадне, изјави регионалниот пожарникарски началник Лорен Ферлеј, на брифинг пред катедралата.
Катедралата Свети Петар и Павле во Нант е една од најголемите готски катедрали во Франција. Нејзината изградба започнала во 1434 година и траела 457 години – до 1891 година.
Пожарот избувнал во внатрешноста на готскиот објект и пожарникарите биле повикани набргу по 7.30 часот. Екипа од 70 пожарникари беше испратена на местото на пожарот./МИА/